Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Новите Страјкери блескаат, но касарната Петровец нема вода 35 години“, велат од Независниот синдикат на професионални војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 час -

Македонија
media-libraryh908ta9fo2s11J9XufQ

Независниот синдикат на професионални војници реагира по презентацијата на оклопните возила „Stryker“ во касарната Петровец, посочувајќи дека зад ПР-настанот се крие проблем стар 35 години: нема исправна вода, ниту за пиење ниту хемиски/биолошки безбедна. Војниците, велат, купуваат или носат вода од дома, со ризик по здравјето и достоинството. Синдикатот нагласува дека касарната може да се приклучи на водовод од Миладиновци, оддалечено околу 300 метри, но со години се даваат исти ветувања за санација. Според нив, буџетот оди за „железо и оружје“, додека условите остануваат катастрофални.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Независниот синдикат на професионални војници реагира по презентацијата на новите лесно оклопни возила „Stryker“ во касарната Петровец, предупредувајќи дека зад блескавите машини се крие долготрајен проблем – касарната нема исправна вода цели 35 години. Според синдикатот, додека државниот врв се фотографира пред возилата, припадниците на Армијата се принудени да купуваат или да носат вода од дома, со што се загрозува нивното здравје и достоинство.

— реклама —

„На 25.03.2026 година во касарната Петровец беа презентирани новите лесно оклопни возила “Stryker”.  Пристигнати се 17 возила од вкупно 42 нарачани во вредност од 210 милиони долари .

Во Петровец беше скоро целиот државен врв, претседателот на владата, потпретседателот на владата , министерот за одбрана, заменик-министер за одбрана , државниот секретар во МО, советник од МО, ВД амбасадорот на САД во Република Македонија ,пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, началникот на генералштаб и уште 4 генерали.

На сликата можеме да видиме каде сите се сликани пред три возила Страјкери во вредност од 15 милиони долари, но главната поента е дека зад тие возила е главната кујна на касарната Петровец каде што нема исправна вода цели 35 години, односно водата не е за пиење и не е ниту хемиски ниту биолошки исправна.

Прашањето е: Дали „пак” сите незнаат дека ова е реалната состојба во касарната , а посебно сега после оваа реакција треба да очекуваме како министерот за одбрана ќе се правда дека еве имаме нови одвоени средства за поправка на објектите и санација на постоечките ..... итн итн.

Ако зад нив стојат три возила кои чинат 15 милиони долари, ги прашувам колку чини здравјето на припадниците на Армијата и колку чинат неколку метри цевки за да се поврзат со најблискиот водовод.

Македонската јавност треба да знае во какви катастрофални услови работат и живеат припадниците на Армијата. Само за информација за сите гости кои присуствуваа на оваа презентација , најблиското село од каде може касарната да се приклучи на чист водовод е 300 метри од касарната Петровец, а тоа е селото Миладиновци.

Како потсетување дека уште пред 7 години друг синдикат од Армијата апелирал и тврдел дека ситуацијата е катастрофална, објекти и цели касарни без вода и струја е синдикатот кој на 31.05.2019 година дал соопштение за јавноста (прилог ).И тогаш тоа раководство се правдало по ист рецепт  дека се издвоени  средства за санација и реконструкција на објектите , и тогаш е кажано ЛАГА како што се кажува денес, и нема да се смени ништо како што не е сменето 35 години , а дури и 50 години.

Најолем буџет во Армијата ...но само за железо и оружје, за евтин и лесен ПР кој го гледаме секојдневно за правдање на потрошените милиони на граѓаните на Република Македонија.

 Што е променето во Армијата од 1991, од 2001, од 2019.... само нови слики и нов ПР !

А припадниците на Армијата пак секој ден ќе си купуваат вода или ќе си носат од дома за да преживеат на работното место , достоинствено од нивните недостоинствени плати.

Неспособноста не е веќе непозната , таа денес има име и презиме“, вели Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања