Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СИНДИКАТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ

media-libraryh908ta9fo2s11J9XufQ

„Новите Страјкери блескаат, но касарната Петровец нема вода 35 години“, велат од Независниот синдикат на професионални војници

Независниот синдикат на професионални војници реагира по презентацијата на новите лесно оклопни возила „Stryker“ во касарната Петровец, предупредувајќи дека зад блескавите машини се крие долготрајен проблем – касарната нема исправна вода цели 35 години. Според синдикатот, додека државниот врв се фотографира пред возилата, припадниците на Армијата се принудени да купуваат или да носат вода од дома, со што се загрозува нивното здравје и достоинство.„На 25.03.2026 година во касарната Петровец беа презентирани новите лесно оклопни возила “Stryker”.  Пристигнати се 17 возила од вкупно 42 нарачани во вредност од 210 милиони долари .Во Петровец беше скоро целиот државен врв, претседателот на владата, потпретседателот на владата , министерот за одбрана, заменик-министер за одбрана , државниот секретар во МО, советник од МО, ВД амбасадорот на САД во Република Македонија ,пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, началникот на генералштаб и уште 4 генерали.На сликата можеме да видиме каде сите се сликани пред три возила Страјкери во вредност од 15 милиони долари, но главната поента е дека зад тие возила е главната кујна на касарната Петровец каде што нема исправна вода цели 35 години, односно водата не е за пиење и не е ниту хемиски ниту биолошки исправна.Прашањето е: Дали „пак” сите незнаат дека ова е реалната состојба во касарната , а посебно сега после оваа реакција треба да очекуваме како министерот за одбрана ќе се правда дека еве имаме нови одвоени средства за поправка на објектите и санација на постоечките ..... итн итн.Ако зад нив стојат три возила кои чинат 15 милиони долари, ги прашувам колку чини здравјето на припадниците на Армијата и колку чинат неколку метри цевки за да се поврзат со најблискиот водовод.Македонската јавност треба да знае во какви катастрофални услови работат и живеат припадниците на Армијата. Само за информација за сите гости кои присуствуваа на оваа презентација , најблиското село од каде може касарната да се приклучи на чист водовод е 300 метри од касарната Петровец, а тоа е селото Миладиновци.Како потсетување дека уште пред 7 години друг синдикат од Армијата апелирал и тврдел дека ситуацијата е катастрофална, објекти и цели касарни без вода и струја е синдикатот кој на 31.05.2019 година дал соопштение за јавноста (прилог ).И тогаш тоа раководство се правдало по ист рецепт  дека се издвоени  средства за санација и реконструкција на објектите , и тогаш е кажано ЛАГА како што се кажува денес, и нема да се смени ништо како што не е сменето 35 години , а дури и 50 години.Најолем буџет во Армијата ...но само за железо и оружје, за евтин и лесен ПР кој го гледаме секојдневно за правдање на потрошените милиони на граѓаните на Република Македонија. Што е променето во Армијата од 1991, од 2001, од 2019.... само нови слики и нов ПР !А припадниците на Армијата пак секој ден ќе си купуваат вода или ќе си носат од дома за да преживеат на работното место , достоинствено од нивните недостоинствени плати.Неспособноста не е веќе непозната , таа денес има име и презиме“, вели Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје.

Македонија | пред 14 часа

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Синдикатот на професионални војници за Мисајловски: Наместо да ја прифати критиката, излезе со напади и смешни кривични пријави

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува Министерството за одбрана за манипулација и ширење невистини, по гостувањето на министерот Владо Мисајловски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Според синдикатот проблемите со условите за работа и правата на професионалните војници се присутни децении, а решението е доставено во Собранието уште во 2025 година, но досега не е реализирано. Министерството, наместо да ги решава проблемите, според синдикатот, се обидува да ги прикрие преку јавни изјави и напади кон синдикатот.„По објавата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје за катастрофалната ситуација со објектите во Армијата каде што престојуваат и работат професионалните војници, министерството за одбрана излезе со потврда дека ситуацијата е таква 35 години, но и повеќе дури 50 години некои објекти не се реновирани од времето на поранешната ЈНА. Министерството за одбрана наместо да ја прифати критиката од синдикатот и да ја прифати реалноста, тие излегоа со напади врз претседателот на синдикатот со неосновани и смешни кривични пријави.Оваа нервозна ситуација во министерството за одбрана која се пројави поради излегување на фотографиите за вистинската и реална состојба во Армијата, кај министерот за одбрана Владо Мисајловски се пројави дополнителна потреба да гостува во емисијата Клик Плус на ТВ 21 , со цел да ја ублажи катастрофалната состојба која синдикатот ја обелодени во јавноста.Но за жал министерот за одбрана одбра сакајќи или несакајќи, да искаже неколку невистини со цел да прикаже напредок во правата на професионалните војници со негова лична иницијатива, но напротив искажа невистина со што ја изманипулира цела македонска јавност, а тоа е дека професионалните војници на 45 години одат во пензија и земаат опремнина од 2 милиони денари.Министерот за одбрана треба да знае дека професионалните војници не одат во пензија од Армијата, бидејќи дискриминаторскиот Закон за служба во Армијата тоа не го дозволува. Затоа е утврдената индиректна дискриминација од КСЗД врз сите професионални војници од страна на министерството за одбрана поради нетрансформирање на работниот однос од определено на неопределено време. Барањата на синдикатот се токму тие, професионалните војници да добијат вработување на неопределено време согласно ЗРО и да остварат право на пензија како и останатиот активен воен персонал.Излегувањето на емисии и искажувањето на вакви невистини и манипулирачки изјави нема да ја подобри ситуацијата во Армијата, туку само повеќе граѓаните на Република Македонија дознаваат колку е лоша состјбата со правата на припадниците на Армијата и колку се лоши условите за работа во Армијата.Го потсетуваме министерот за одбрана дека наназад години синдикатот бара решение на статусот на професионалните војници и имаме доставено предлог закон за измена и дополнување на Законот за служба во Собранието на РМ уште на 3 јуни 2025 година, и ниеден пратеник до овој ден не го предложи овој закон за да се реши деценискиот проблем на професионалните војници .Му предлагаме на министерот за одбрана пред наредно гостување добро да ја проучи проблематиката и темите кои ќе ги зборува, и се надеваме дека ќе сфати дека решението на сите проблеми му е доставено во писмена форма, само треба да се има волја да се реализираат овие барања и конечно да се реши проблемот со професионалните војници. Синдикатот не е проблемот што укажува кои се проблемите, проблемот е нереагирањето на работодавецот. Се друго, како неосновано напаѓање на синдикатот и неговите претставници и искажување на невистини, допринесува за влошување на веќе лошата состојба во Армијата.Апелираме до минитерството за одбрана да се воздржи од медиумски и административен напад кон синдикатите, да се обнови социјалниот дијалог и да се превземат итни мерки за подобрување на состојбата во Армијата, ПР кампањата нека се стави на пауза до следните избори“, вели Александар Насковски.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrqml42iu2vmm2jeIJXi

Синдикатот на професионални војници со обвинувања: Министерството за одбрана врши притисок и шири клевети

Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, обвини дека Министерството за одбрана во својот демант изнело навреди и клевети кон него, откако синдикатот алармираше за, како што наведува, катастрофалната состојба на објектите во кои престојуваат припадниците на Армијата.Насковски посочува дека самото Министерство признало дека дел од објектите не се реновирани со децении, од времето на поранешната ЈНА, како и дека во изминатите 35 години речиси и да нема вложувања во нивна обнова. Сепак, според него, тоа не ги спречило надлежните да изнесат обвинувања за наводен криминал.Тој отвора низа прашања до Министерството за одбрана, меѓу кои колкави буџети имало институцијата во изминатите 35 години без значајни инвестиции во модернизација, колку долго актуелната политичка гарнитура била на власт во тој период и зошто, како што тврди, не биле преземени чекори за подобрување на состојбата во Армијата.Дополнително, прашува дали се доволни речиси две години и два буџета за да се иницира итно реновирање на објектите, обвинувајќи дека се промовираат само локации погодни за јавна презентација, додека реалната состојба се игнорира.„Ова е обид да се сокрие вистината. Кога институциите ќе се соочат со реалната слика, наместо одговорност, следуваат навреди и монтирани деманти“, наведува Насковски.Тој најавува дека во наредниот период ќе бидат објавени фотографии и информации за сите објекти, со цел, како што вели, јавноста да добие целосна и реална слика за состојбата во Армијата.Во однос на кривичната пријава што Министерството ја спомена, Насковски ја оценува како апсурдна, поставувајќи прашања дали членарината на синдикатот се смета за средства на Министерството и зошто институцијата не ги исплаќа средствата кои, според него, се предмет на судски спор.„Ако сум го оштетил Министерството, тогаш зошто јас го тужам Министерството за штета?“, прашува тој, додавајќи дека станува збор за притисок врз синдикалното делување.Насковски директно го повика министерот за одбрана да одговори на овие прашања, наместо, како што вели, да врши притисоци преку институциите.Тој тврди дека јавноста веќе покажала интерес за темата, посочувајќи на, како што наведува, над еден милион прегледи на објавите поврзани со состојбата во Армијата.„Нема да отстапам ни милиметар од синдикалната борба. Вистината ќе излезе на виделина“, порача Насковски.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања