Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нов судир на границата: Авганистан и Пакистан разменија оган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
afganistan

Авганистан и Пакистан размениле жесток оган на границата, при што во Авганистан загинала најмалку една личност, а 16 се повредени, главно жени и деца. Пакистан тврди дека само возвратил на гранатирање и дека не биле гаѓани цивилни цели. Инцидентот се случил додека во Пакистан се одржувал регионален состанок за деескалација на кризите во Иран и Блискиот Исток, со можност Исламабад да посредува меѓу САД и Иран. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за ескалација и за поддршка на милитанти.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Авганистан и Пакистан размениле жесток оган в неделата, при што во Авганистан била убиена најмалку една личност, а повредени 16, главно жени и деца, соопшти денеска заменикот портпарол на Кабулската талибанска администрација, Хамдулах Фитрат.

Обновувањето на судирот во граничниот дел на двете земји се случил во момент кога во Пакистан се одржал состанок на делегации на регионални сили, кои разговарале за деескалација на војната во Иран и на Блискиот Исток, со најава дека Исламабад би можел да биде, како посредник, домаќин на преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Службениците за безбедност од Пакистан соопштиле дека таа земја само одговорила на силно гранатирање од Авганистан и дека не биле гаѓани никакви цивилни локации.

Најжестоки борби меѓу Пакистан и Авганистан во последните неколку години избиле минатиот месец, со големи човечки загуби од двете страни.

— реклама —

Кабул порано соопштил дека во март повеќе од 400 луѓе биле убиени во пакистански воздушен напад на центар за рехабилитација од дрога во тој град, пред соседните земји да ја прекинат борбата.

Пакистан ги одби тврдењата на талибанците за напад на рехабилитацискиот центар, наведувајќи дека „прецизно ги целел воените објекти и инфраструктурата за поддршка на терористите“. Пауза во судирите била најавена за Рамазански Бајрам, а до обновување на судирите дошло вчера, неколку дена откако биле најавени привремени паузи во борбите.

Исламабад ги обвинува авганистанските талибани дека кријат и поддржуваат исламистички милитанти кои изведуваат напади во рамки на Пакистан, што Кабул го негира, наведувајќи дека милитантите се внатрешен проблем на Пакистан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqe0h5kab64i9ft3VjDU

Пакистан: Напорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран сè уште траат

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8

Американскиот преговарачки тим го напушти Пакистан

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqe0h5kab64i9ft3VjDU

Пакистански министер за одбрана го осуди Израел: „Зло и проклетство за човештвото“

Свет | пред 1 седмица

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

(Фото) Голема трагедија во рудник во Пакистан, се извлекуваат тела од урнатините

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања