Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Најчевска: Иванов беше фикус, Сиљановска е дифенбахија, функцијата станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае и умее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Студио
media-library7t4ei6f5o89f4J67bLC

Мирјана Најчевска во „Претрес со Ландов“ објасни дека Сиљановска Давкова ја нарекла „дифенбахија“ бидејќи е интелигентна и може да направи штета ако не ја користи функцијата како „последна одбрана од незаконитоста“, слично на растение што прочистува воздух, но е отровно при допир. Таа вели дека гласала за Сиљановска, но дека по изборот се „претворила во спротивност“. Ја критикува што не се спротивставила на спорни процеси и не ја вратила суштината на претседателската институција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Професорката Мирјана Најчевска во ,,Претрес со Ландов” говореше зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја нарекла ,,дифенбахија”.

„Дифенбахијата е отровна и не се препорачува во домашни услови. Иванов беше фикус, дефинитивно беше некој којшто не можеше да нанесе толку штета затоа што го нема тој интелектуален капацитет. Гордана Сиљановска е интелигентна, има мозок и доколку некој кој има знаење и мозок и којшто има интелектуален капацитет да направи нешто на соодветна фукнција, не го прави тоа тогаш тој нанесува штета, исто како дифенбахијата. Таа го прочистува воздухот, но доколку се пипне или касне може да биде отровна. Во одеден момент функцијата претседател станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае, умее и има интелектуален капацитет”, рече Најчевска.

— реклама —

За себе вели дека е кактус.

Таа открива дека гласала за Сиљановска за претседателка.

— реклама —

„Ја знам одамна, беше многу паметна жена, со цврти, јасни, разумни ставови, но нешто се случи, во моментот кога беше избрана за претседателка одеднаш како да се претвори во својата спротивност. Јас едно време имав став дека луѓето кога ќе дојдат на власт како да им прават лоботомија, како да им вадат дел од мозокот, а потоа кога ќе излезат од власт повторно им го враќаат и стануваат нешто сосема поинаку“, вели Најчевска.

Најчевска вели дека и замерува на Сиљановска што не ја вратила суштината на институцијата претседател.

„Претседателот во македонскиот Устав и правна структура е замислен како некој вид на последна одбрана од незаконитоста. Јас заради тоа го критикував Пендаровски кој дозволи да поминат измените на Кривичниот законик и покрај тоа што мислам дека Пендаровски беше релативно добар претседател. Таа како правник е свесна дека е лошо за развојот на демократијата да не најде сила да се спротивстави на ништо“, вели Најчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

(Видео) Најчевска: Бугарија не е наш најголем непријател, сами се доведовме во оваа ситуација

Студио | пред 3 часа

— реклама —
media-librarykc7c4p2cugf2eUumkR1

Најчевска контра Мицкоски за високото образование: Не се спорни построгите критериуми, туку нивната бесмисленост

Коментари | пред 2 седмици

10637golema

Најчевска: Стратегијата на чекање на Глигоров ја направи Македонија заложник на Бугарија

Коментари | пред 1 месец

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска до Силјановска: Ајде Гоцо дај ни пресметка колку кошта одржувањето, сервисирањето на авионот?

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања