Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАЈЧЕВСКА

media-libraryugnqn0jbi0r70lxRven

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Драгана, ...Најлесен начин да се дистанцираш од емоциите е кога смртта ќе се претвори во израз и во бројка. Кога ќе се обезличи.Кога ќе кажеш „жртвите“ тоа нема лице, ни коса, ни мирис ни глас ни насмевска ни прегратка ни ... Тоа е израз кој овозможува да се води судска постапка која треба да биде објективна и непристрасна и лишена од емоции. Ама не е сеќавање.Кога ќе кажеш 63 загинати тоа е бројка. Безлична. Студена. Статистика.Кога ќе умре човек не смее да биде бројка. Посебно кога ќе умре некој на прагот на животот. Тоа е затворена книга на сакање, радости, плачење, грижи, надежи. Затворена иднина спакувана во спомени. Тоа е бол кој раскинува и не поминува.Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли и ...Не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника и Никола и Александар и Јорданчо и ...И не, не е несреќа туку е убиство. Можеме да разговараме дали станува збор за убиство без умисла, за убиство од голема небрежност, за потфрлање на државата кое довело до нивна смрт. Ама никако за несреќа“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 2 седмици

10637golema

Најчевска: Стратегијата на чекање на Глигоров ја направи Македонија заложник на Бугарија

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи по вчера објавените декласифицирани документи што го објави ЦИА, според кои грчката влада во раните деведесетти години, односно во 1992 година, му понудила 100 милиони долари на тогашниот прв претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, за промена на името на државата.Кои се големите грешки на Киро Глигоров како претседател на Македонија.(да нема забуни ова го имам кажано и тогаш кога беше актуелен претседател).Прво, тоа што ја примени стратегијата на чекање, тогаш кога требаше да биде искористен моментот. Со тоа овозможи Македонија денес да стане заложник на Бугарија.Второ, застана зад Бранко Црвенковски и ја поддржа криминалната приватизација и разграбување на општото добро.Трето, дозволи неговото пуленче Фрчковски да изработи Устав кој се базира на етницитетите, наместо граѓански устав во кој наместо колективитетите во средиште ќе биде поставена индивидуата.Четврто, со одбивањето да се промени името на државата дозволи да созреат националистичките сили и да добијат во сила на бранот на идејата за Александар Македонски како предок и континуитет на македонската држава од антиката до денес, а отфрлање на државниот развој во СФРЈ.За државниците не важи синтагмата “за покојниот се најдобро“ (која според мене е глупава и за секој човек). Актите на државниците се анализираат, посебно низ призмата на последиците од тие акти кои луѓето ги живеат“, вели професорката Мирјана Најчевска.

Коментари | пред 3 седмици

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска до Силјановска: Ајде Гоцо дај ни пресметка колку кошта одржувањето, сервисирањето на авионот?

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи упати остри критики во врска со најавите за набавка на нов владин авион и изјавите дека користењето на службено летало е поекономично од комерцијалните летови.Таа ја оспори тезата дека летањето со владин авион е поевтино и побара јавно да се презентираат сите трошоци поврзани со неговото функционирање.„Ај престанете да се измотавате со тоа приватниот авион.Па уште и онаа нашата сенилна претседателка излегла и не убедува дека е поевтино да се лета со владиниот авион отколку со комерцијален лет.Ајде Гоцо дај ни пресметка колку кошта одржувањето, сервисирањето на авионот?Колку коштаат сите луѓе кои се ангажираат за ова одржување и сервисирање?Па пилоти на платен список?И стјуардеси?Посебно горивото и такците кои се плаќаат за користење на различни аеродроми?Ајде бре престанете да лажете и да ги расфрлате парите на граѓаните“, порачува професорката во својот статус.

Коментари | пред 1 месец

najcevska

Најчевска: Чекам да се одземе џип и на богатун или функционер чие дете вози без дозвола, како кај Ромите

По вчерашните протести на групи граѓани од ромска припадност кои се побунија да возат возила без возачки дозволи, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Секое возило е потенцијално моќно оружје кое може да доведе до повреди или смрт на едно или повеќе лица. И како такво треба да биде третирано.Јас сепак чекам кога ќе биде одземен џип од некој богатун или функционер чие дете вози без дозвола на ист начин како за Ромите. Од Верушевски наваму гледаме дека токму тие “нечии“ деца дивеат по улиците на градовите и поминуваат со никаква или минимална казна. Да не ги спомнувам купените дозволи.Она што во случајов треба да се направи е да се даде рок од неколку месеци да се регистрира автомобилот и да се полага возачки испит. За одреден период треба да се даде и поддршка (финансиска) од државата за ова на сите кои немаат соодветни средства.На тој начин ќе се разбие монолитноста на групата. ќе се отапи острилото и ќе се испрати пораката дека станува збор за безбедносна мерка а не казна за сиромаштијата.Во целата работа треба да се вклучат невладините организации (со објаснувања, алтернативни решенија и поддршка во спроведување на законот на начин кој нема да биде егзистенцијално загрозувачки за Ромите).И секако и партиите на Ромите кои треба да седнат со своите гласачи да ги разгледаат можните решнија кои нема да го девалвираат еднаквото важење на законот“, вели Најчевска.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryo8e6u15mbg7a5vbLMFd

Најчевска против Каракамишева: Таа е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија

Професорката Мирјана Најчевска остро ја критикуваше поставувањето на Каракамишева на позицијата советник за човекови права на премиерот Христијан Мицкоски. Според Најчевска, Каракамишева е еден од најсилните застапници против човековите права и слободи во земјата, против почитувањето на етничките и родовите различности и против цивилизациските норми за недискриминација.„Каракамишева е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија.Таа е неуморен борец против почитувањето на разликите и цивилизациски достигнатите норми на недискриминација врз етничка и врз родова основа.Каракамишева е поборник на повлекување на Македонија од Истамбулската конвенција за семејното насилство и промотор на ограничување на правата на луѓето врз основа на род и сексуална ориентација.Со овие свои ставови таа дефинитивно го заслужува местото на советник на Мицковски за човекови права.“, вели Најчевска

Коментари | пред 2 месеци

media-librarylsne7n3te7a6e8FgvRG

„Постои излез од ситуацијата во која не доведе Бугарија“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска објави решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија на европскиот пат заради условувањата на Бугарија.„Веќе неколку пати повторив дека постои излез од ситуацијата во која не доведе Бугарија, потпомогната од Бујар Османи и формулирана од страна на еден од големите непријатели на Македонија - Макрон.Треба да се стави на дневен ред во Собранието точка за менување на Уставот на Македонија и пратениците треба да гласаат за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот.Доколку ова не се изгласа со потребното мнозинство, ќе се донесе акт со кој ќе се прогласи за ништовен Протоколот со Бугарија и делот од преговарачката рамка во кој се бара внесување на Бугарите во Уставот.Имено поставениот услов станува невозможен и тоа го прави овој договор ништовен“, напиша таа.

Коментари | пред 2 месеци

mirjana-najcevska

Криминалците владеат со Македонија затоа што најголемите криминалци се во правосудниот систем и во заштитните тела, вели Најчевска

Коментирајќи го текстот „Невладините ја губат битката за хотелот на Мијалкови: Што одлучиле надлежните по пријавите за беззаконие и корупција?“, професорката Мирјана Најчевска упати остра и директна критика кон институциите и правосудниот систем во државата.„Криминалците владеат со Македонија затоа што најголемите криминалци се во правосудниот систем и во заштитните тела. Се додека не се обезбеди во овие структури да влезат луѓе со два грама мозок и барем еден грам морал, немаме шанси да се избориме со мафијата“, напиша Најчевска.Нејзината реакција доаѓа во контекст на одлуките на надлежните институции поврзани со пријавите за наводно беззаконие и корупција околу хотелскиот објект поврзан со семејството Мијалкови, случај кој подолго време е предмет на интерес на граѓански организации и на јавноста.Со ваквата порака, Најчевска повторно укажува на, како што оценува, системскиот проблем на заробени институции и отсуство на морална и професионална одговорност во телата кои треба да ја спроведуваат правдата, оценувајќи дека без темелна промена во тие структури, борбата против организираниот криминал останува невозможна.

Коментари | пред 2 месеци

media-librarycvnb7otf2rt4eh7hM5N

„Ете, ставете рака на срце и кажете“ – Најчевска со провокативна објава за реалигијата и придобивките од неа

Професорката Мирјана Најчевска, која во минатото јавно има истакнато дека е атеист и дека верските честитки ги доживува како навреда, повторно отвори чувствително, но општествено прашање – дали зголемената јавна религиозност во Македонија навистина донела подобро општество.Во својата реакција, Најчевска повикува на искрено преиспитување, без идеологија и без лицемерие.„Ставете рака на срце и кажете – во сите овие години, кога се зголеми бројот на верници во Македонија, кога политичарите се натпреваруваат кој ќе се прикаже како поголем верник, кога децата се изнесуваат да го слават Бог во кој веруваат родителите, кога почнаа да се осветуваат полициски автомобили, да се молат во Собранието и кога никнаа крстови, цркви и џамии низ целата држава – дали тоа навистина донесе подобрување?“, прашува таа.Потоа, професорката реди конкретни прашања што, според неа, ја мерат суштината на секоја вера:– Дали се намали криминалот?– Дали има помалку убиства?– Дали се намали врсничкото насилство?– Дали има помалку семејно насилство?– Дали се намалија кражбите и измамите?– Дали луѓето станаа помалку егоистични и саможиви?– Дали се намали бројот на разводи?– Дали има помалку силувања?Ставете рака на срце и кажете“, завршува Најчевска, оставајќи го одговорот да го даде јавноста.Нејзината порака не е насочена против верата како личен избор, туку против, како што имплицира, нејзината политичка и симболична злоупотреба – во услови кога реалноста зборува за длабока морална и институционална криза.

Коментари | пред 2 месеци

media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

„Се поништува сè што човештвото го изгради“ – Најчевска повикува на одбрана на меѓународното право

Професорката по право Мирјана Најчевска со остра јавна порака реагираше на актуелните вооружени конфликти и геополитички кризи, истакнувајќи дека нема никакво оправдување за она што се случува во Венецуела, Украина, Палестина и со Тајван. Според неа, станува збор за директно рушење на цивилизациските достигнувања на човештвото.„Ова е цивилизациското достигнување на човештвото кое Доналд Трамп, Владимир Путин, Бенјамин Нетанјаху и Си Џинпинг во моментов го рушат“, наведува Најчевска, оценувајќи дека ваквите политики го враќаат светот наназад и ги поништуваат основните принципи врз кои е изграден современиот меѓународен поредок.Таа нагласува дека секој цивилизиран човек има обврска да застане во одбрана на веќе достигнатото ниво на развој на човештвото, потсетувајќи дека меѓународните договори не се формалност, туку резултат на болни историски искуства. Тие, според неа, се создадени со јасна цел – да не се повторат трагедиите од минатото и да се спречат нови масовни страдања.Во таа насока, Најчевска се повикува и на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, кој го гарантира правото на самоопределување на сите народи, нивната слобода сами да го уредуваат својот политички статус и да го обезбедуваат сопствениот економски, социјален и културен развој. Таа потсетува дека народите имаат право слободно да располагаат со своите природни богатства и извори и дека ниту еден народ не смее да биде лишен од средствата за живот.Според професорката, државите кои се потписнички на овие меѓународни договори, вклучително и оние што управуваат со несамостојни територии, имаат јасна обврска активно да го помагаат и да го почитуваат правото на самоопределување, во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Секое отстапување од овие принципи, предупредува таа, претставува опасен чекор кон нормализирање на насилството и уривање на правниот и моралниот поредок во светот.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryhokhlr419dknaD49ubR

„Не сте нормални – автомобилот е убиствено орудие, а не пешакот“, реагира Најчевска на новите казни за пешаците

Професорката по право, Мирјана Најчевска, остро реагираше на најавените измени во Законот за безбедност во сообраќајот, со кои од 26 септември стапуваат во сила нови казни – 40 евра за пешаци кои користат мобилен телефон на пешачки премин и 50 евра за возачи кои зборуваат на телефон или носат слушалки додека управуваат со возило.„Не сте нормални, најсериозно. Возењето со мобилен треба да се казнува најмалку 1000 евра, а најдобро е да се казнува процентуално согласно со примањата на прекршителот. Автомобилот е убиствено орудие, а не пешакот. Како ќе казнуваш пешак со мобилен на пешачки премин? На пешачки премин треба да сум заштитена, а не да се пазам од секоја будала која ја штити естаблишментот“, напиша Најчевска.Таа постави и прашања за ранливите категории на граѓани: „Што правиме со тие кои се со оштетен слух? А со старите кои не се концентрирани? Да не ги пуштаме на улица? А децата кои не се концентрирани и нив да не ги пуштаме? А тие со попреченост и нив да не ги пуштаме на улица?“Новите измени, според Министерството за внатрешни работи, треба да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да ги санкционираат навиките кои со години ја намалуваа сигурноста на улиците.

Коментари | пред 6 месеци

IMG_5572

Најчевска за Кочани: Без независно судство, вакви трагедии ќе се повторат

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше трагедијата во Кочани, посочувајќи дека станува збор за последица на длабоко вкоренета корупција и нефункционален правосуден систем.„Оваа трагедија е само врвот на сантата мраз. Таа е резултат на упорно и континуирано промовирање и поддршка на корупцијата од сите политички партии кои доаѓаат на власт. Кога нема правна сигурност, елементарно функционирање на судството и казни за слични криминали, беше само прашање на време кога ќе се случи Кочани,“ напиша Најчевска.Таа нагласува дека не станува збор за апатија и разочараност кај граѓаните, туку за „метастазирана корупција која допира до секој дамар на општеството“.Најчевска додаде дека власта, како и во претходни случаи, во моменти на вакви трагедии „развлекува и го отапува револтот“, чекајќи вниманието на јавноста да се сврти кон друга тема, додека на протестите остануваат само оние кои претрпеле ненадоместлива загуба.„Без независен, некорумпиран судски систем и инстант политичка одговорност, шансите да се повторат вакви трагедии кои можеле да бидат превенирани се огромни,“ предупреди

Коментари | пред 7 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска против мерката на Тошковски: „Ќе се пука на сите веселби, во комшии, во роднини...“

По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Најчевска: Бујар Османи мора да одговара за велепредавство – време е Македонија да постави услови кон Бугарија

Професорката по право Мирјана Најчевска вели дека е време „да се залечат раните кои ѝ беа нанесени на Македонија од страна на Бујар Османи“, обвинувајќи го поранешниот министер за надворешни работи дека направил чекори кои донеле тешки последици по државата.Според неа, првиот неопходен чекор е во Собранието да се отвори расправа за вториот протокол со Бугарија, со цел да се побараат измени.„Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или, во најмала мера, за злоупотреба на службена должност со која нанел трајни и многу тешки штетни последици за државата“, наведува Најчевска.Во својот јавен став, таа повикува државата да заземе поинаков пристап кон односите со Софија, поставувајќи јасни услови и барања.„Македонија треба да почне да поставува барања и услови во насока на доказ за добрите намери на Бугарија и нејзината посветеност на добрососедските односи“, вели таа.Меѓу тие услови, Најчевска ги издвојува:Извинување од Бугарија за злосторствата направени за време на фашистичката окупација во Втората светска војна.Репарација на штетите нанесени на Македонија во тој период.Заштита на правата на Македонците во Бугарија и надомест на штетите направени преку непочитување на меѓународни договори и вредности на Европската Унија.Според неа, само преку вакви конкретни чекори може да се врати достоинството на македонската држава и да се воспостави правична основа за било какви добрососедски односи.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-22-at-12.03.48

(Видео) „Глуп си како точак“, „Шат ап“ - Најчевска го искритикува Богојевски и ја напушти емисијата

Професорката Мирјана Најчевска гостуваше на дебата на Канал 5 телевизија со Петар Богојевски.Но по одредено време од дебатата го напушти студиото, а на Богоевски му рече - глуп си како точак.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-10-at-13.09.46

(Видео) Се споделува снимка од Ахмети од 2001, Најчевска порача: Секој кој споделува видео со воена содржина треба да биде гонет за велепредавство

Видео во кое кружат сцени од конфликтот во 2001-ва годината, каде главна улога е лидерот на ДУИ Али Ахмети, се споделува од функционери, членови и симпатизери на партијата. Ахмети на дел од кадрите во видеото носи униформа на УЧК и порачува дека не загубил ниедна војна. Не е јасно дали ова значи дека функционерите на ДУИ, кои после 23 години веќе не се власт, се обидуваат да се заканат со дестабилизација на државата. Откако беше укинат балансерот, ДУИ и Ахмети постојано користат тактика на етнички тензии.Според професорката по право, Мирјана Најчевска, ова е кривично дело.„Споделување на видео со кое се повикува на насилно рушење на државните институции не може да биде наивно и не смее да се прикажува како минорна работа. Секој кој споделува видео со воена содржина со која се поддржува или повикува на насилно рушење на уставниот систем треба кривично да биде гонет врз основа на член 305 од Кривичниот законик“, вели Најчевска и цитира член од КЗ:„Велепредавство: Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години“.

Македонија | пред 1 година

lazo-angelovski-11-oktomvri-dete

Прекршени му се правата на присилено да следни онлајн настава, тврди Најчевска

Изолирањето на детето кое беше карактеризирано како насилно, и негово испраќање да следи онлајн настава, според професорката по право Мирјана Најчевска, е спротивно на Конвенцијата за правата на детето. Според нејзе, ученикот нема вина, туку возрасните и бара казни за нив.„Да се разбереме, во моментов на детето присилено да следи настава онлајн му се прекршени многу права согласно Конвенцијата за правата на детето. И не, не може да се бара вина кај него ниту пак тоа да биде казнето. Има кој е виновен и тие некои се возрасни. Тие треба да бидат казнети“, вели Најчевска.Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник ќе се вратат на редовната настава. Ова следува по состанок на Центарот за социјални работи, кој беше присутен во училиштето со цел да го реши проблемот со третоодделенецот кој имал насилно поведение.Според последните информации, се донел заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Родителите на учениците изјавија дека нивните барања да детето не биде физички присутно во училиштето се прифатени, а со тоа се постигнал и целта на бојкотот.

Коментари | пред 1 година

398251256_875772223916901_3318266290366242050_n

Никако не смее да има закон со кој ќе се исплати штета на припадник на ОНА или негово семејство, децидна е Најчевска која аргументира

Професорката по право, Мирјана Најчевска, сметак дека не треба да се донесе е Закон за бранителите од конфликтот од 2001 година. Таа посочува дека треба да се донесе само закон за обештетување на жртвите од конфликтот.„- Во еден таков закон треба да се предвиди обесштетување на сите оние кои како дел од полицијата и војската се повредени и на семејствата на сите загинати полицајци и војници.- Никако не смее да има законско решение со кое би се исплатила штета на било кој припадник на ОНА или член на семејство на припадник на ОНА кој загинал во конфликтот.Не смее да се поистоветат луѓето кои согласно законот и Уставот учествувале во конфликтот со оние кои го предизвикале конфликтот, кои ја нарушиле безбедноста на државата и граѓаните и кои делувале во насока на насилно рушење на правниот поредок на државата.Со склучувањето на договор за мир овие луѓе се поштедени од кривична одговорност и им е дадена можност без никакви последици од своите противправни дејствија да учествуваат во економскиот и општетсвениот живот на државата.- Меѓутоа, во еден ваков закон треба да биде предвидена оштета за сите цивилни жртви од конфликтот нанесена од страна на полицијата и војската и нивните семејства (независно од етничката припадност).- Трет дел од еден ваков закон мора да биде обештетување на внатрешно раселените лица (незвисно од етничката припадност) кои со огромна леснотија ги заборавија сите владејачки структури.За да се изработи закон кој ќе биде основа на помирување, а не на нови конфликти потребна е широка јавна и стручна расправа, а не текстови подготвени од полуписмени и потполно неписмени претставници на одредени политички партии.И секако мора да се отвори расправа за тоа зошто и како дојде до конфликтот, како се справи државата со конфликтот, и посебно за пропустите и грешките на тогашниот раководен кадар на чело на државата, во полицијата и во војската, кои доведоа до непотребни жртви и непотребна штета“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 1 година

gashi-

ВРЕДИ со осудата на интерпелацијата за Гаши ги напаѓа демократските институции и Собранието, укажува Најчевска

Интерпелацијата на претседателот на законодавниот дом наскоро пред народните избраници. За коалицијата ВРЕДИ, бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација, претставува обидот за смена на Гаши. Според професорката по право, Мирјана Најчевска, ова е напад на ВРЕДИ врз демократските институции.„Како може регуларна демократска процедура како што е интерпелацијата да биде напад врз државните институции и да е против евроатлантската интеграција? Всушност, според мене, ВРЕДИ со самиот акт на осуда на институтот интерпелација директно ги напаѓа демократските институции, функционирањето на Собранието и принципот на владеење на правото“, вели Најчевска и појаснува:„Ваквиот директен напад на институт кој е предвиден и гарантиран со Уставот на Македонија (член 72 од Уставот) е директен акт на повикување на противуставно делување и само чекор од насилно рушење на уставниот поредок. Според членот 72 од Уставот: Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Федерализација е дел од есенско сценарио за дестабилизација?! Најчевска: Што ќе добијат етничките Албанци, помалиу криминал, подобро судство и здравство?

Откако пред година и половина од позиција на власт ДУИ експресно ја одби идејата за формирање заедница на албански општини во Македонија, оценувајќи ја како антиевропска и антиамериканска, но и штетна за конечното решение на косовското прашање, сега кога интегративците се во опозиција ретерираат од ваквиот став и најавуваат слично сценарио за излез на општините предводени од градоначалници на ДУИ од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), пишува Нова Македонија во текстот „Дали и федерализацијата е дел од есенското сценарио за дестабилизација на државата?!“ и додава:„Во едно од таквите сценарија за дестабилизација на државата е и одделувањето на општините предводени од градоначалниците на ДУИ како посебни единици, кои би функционирале надвор од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, со тенденција да формираат некаква своја паралелна заедница. Намерата е кон неа да ги привлечат и другите општини на чие чело се градоначалници Албанци, без оглед на тоа дали се дел од власта, слично како што ДУИ го правеше тоа кога беше владин партнер, употребувајќи ги еднократно албанските опозициски партии за влез во Владата, за потоа целосно да ги разбие и да си обезбеди удобен политички комодитет меѓу албанското гласачко тело во земјава“.На ова, свој коментар остави професорката по право, Мирјана Најчевска.„Што би добиле со федерализацијата на Македонија етничките Албанци?Помалку криминал?Подобо судство?Подобро образование?Подобро здравство?Почисти улици?Победа над градежната мафија?Почесни политичари?Подобри градоначалници?Побезбедни улици?Помалку дрвокрадци?Повисок стандард?Поевтина струја?Поголема грижа за животната средина?Попрофесионална администрација?Навистина ме интересира?“, пишува професорката.

Коментари | пред 1 година

najcevska-janceva

Што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира, критикува Најчевска

По жестоките критики, професорката по право, Мирјана Најчевска, упати и навреда кон министерката за образование Весна Јаневска. Откако Јаневска посочи дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија освен учебници за странски јазици, Најчевска ја нарече „најголема глупача“.„Добро бре што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира за учење на традиционалните вредности? Дај бре сменете ја пред да не закопа во фекалии до грло“, напиша Најчевска.Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, како што вели таа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска денеска на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.

Коментари | пред 1 година

mirjana-najcevska

Најчевска пак удри по министерката Јанева: Најлоша министерка!

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново жестоко ги нападна политиките на министерката за образование, Весна Јанева. Според Најчевска, Јанева е на врвот од листата на најлоши министри.„Мислев дека Тодоров и Новковски и онаа економистката од правен (како ли се викаше) се најлошите министри за образование (албанските не ги ни рачунам тие беа министри на албанските партии). Колку сум грешела. Оваа министерка е врв. Абе. ќе ги прашала универзитетите. Затоа што ја почитува нивната автономија. Мислам да бидеш таков грев и уставно заштитената автономија на универзитетите да ја сведеш на прашање од страна на некој кој по воља на некоја партија дошол на чело на министерството за образование? Тоа е навистина нешто“, вели Најчевска.Освен во средните училишта, дуално образование да се применува и на универзитетите преку развивање дополнителни алатки за студентите да имаат што повеќе практика, кажа претходно Јанева. Како што изјави Јаневска по средбата, тоа мора да се направи во договор со универзитетите.

Македонија | пред 1 година

447772326_10228014781289695_6555469959637019341_n

(Фото) Гаши и пишал на Најчевска, таа ја сподели пораката и јавно го испокара: Не се сеќавам!

Професорката по право Мирјана Најчевска сподели порака која ја добила од собранискиот спикер, Африм Гаши. Тој и се претставил како нејзин поранешен студент и укажал дека сака телефонски да исконтактира со неа. Таа возврати дека не се сеќава на него како студент, бидејќи се сеќава само на тие кои и оставиле впечаток. Според неа, Гаши не ја заслужува спикерската позиција во Собрание.„Оваа порака ја добив на WhatsApp од политичарот Африм Гаши: “Pozdrav pocituvana profesorke, Jas sum Afrim Gashi vas student. Procitajte go ovo tekst na Derala i potoa ako sakate mozeme da se slusneme. Inaku sum bil vas student, mozete da se rasprasate za mene vo ISPPI kakov student sum bil zatoa sto ocigledno ste me zaboravile. Jas seuste imam golema pocit kon vas i ne sakam da ve gledam na vakvo nisko nivo vo koe ste podpadnale. Sekoe dobro“.Бидејќи од секогаш сум била против тајни разговори еве јас јавно ќе одговорам на политичарот Африм Гаши. Не се сеќавам на него како студент. Јас се сеќавам само на исклучително добрите студенти кои ми оставиле впечаток. Како прво, со оглед на тоа дека политичарот Африм Гаши не пружи ниту еден против аргумент со кој ќе објасни зошто смета дека е соодветен за дадената позиција и покрај апсолутно пасивниот однос во Собранието во изминатиот мандат, јас останувам на секој збор кој сум го кажала во врска со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Според податоците со кои располагам (а кои ги има и на официјалната страна на Собранието на Македонија) тој со ниту една своја досегашна активност во Собранието и надвор од него не се покажал како човек кој ја заслужува оваа позиција и кој има капацитет да ја извршува.Во врска со изјавата за неговиот однос со Косово, сметам дека таа не би имала посебно значење доколку не е дадена токму од новата позиција на претседател на Собранието на Македонија. Доколку не е дадена од човек кој завзема клучна позиција во власта, таа би била само дел од општиот податок дека големо мнозинство од етничките Албанци во Македонија се идентификуваат со Косово а не со Македонија.Меѓутоа дадена од позиција на претседател на Собранието на Македонија таа добива многу поинаква тежина. Уште повеќе што не станува збор за изолирано делување и/или однесување. Оваа изјава треба да се стави во контекстот на досегашното делување на господинот Африм Гаши кој од позиција на претседател на Алтернатива врската со Косово ја издигнува на многу високо ниво, а Македонија, граѓаните на Македонија, интересите на граѓаните на Македонија (посебно на етничките Македонци како мнозинско население) едноставно ги нема.Посетата на Албин Курти (премиерот на Косово) на настаните организирани од страна на Алтернатива под претседателство на политичарот Африм Гаши не е единствена прилика кога политичарот Африм Гаши јасно покажува дека не е спремен да ја прифати Македонија како држава со која се идентификува. Како дел од настаните на Алтернатива и како претседател на Алтернатива тој промовира и поддржува единствено етно-национално идентификување во кое нема место за Македонија. Од фотографиите кои се поврзани со неговото партиско делување очигледно нема ни М од Македонија. А токму како претставник на оваа партија Африм Гаши е поставен за претседател на Собранието на Македонија.Само како пример од интернет страната на Алтернатива (https://alternativa.org.mk/kryetari/) - види фотографии подоле.Значи, воопшто не е случајно што политичарот Африм Гаши манифестира посебен однос кон Косово (не како кон соседна држава туку како држава која ја смета за татковина), и јас сум уверена дека во ситуација на конфликт на интересите меѓу Македонија и Косово, политичарот Африм Гаши ќе застане на страната на Косово.Своето непочитување кон мнозинското население чии интереси треба да ги застапува на исклучително високата позиција која што ја има го покажа и со актот на изговарање на заклетвата пред Собранието прво на Албански, а потоа на Македонски јазик (што само по себе значи прекршување на законите).Што се донесува до текстот на Џабир Дерала на кој ме упатува политичарот Африм Гаши (https://civilmedia.mk/gashi-da-se-izvini/), јас одамна престанав да обрнувам внимание на неговите писанија, кои не надминуваат симплифицирано еднострано етно гледање на работите.Да резимирам:- во моментот кога на Македонија и требаат најквалитетните луѓе кои ќе можат да ја извлечат од дупката во која шлајфа со децении, на чело на највисокото законодавно тело доаѓа човек кој бил пасивен, не учествувал во основната работа на Собранието и со ништо во својата досегашна работа не придонел за развој на државата.- во моментот кога на Македонија и е потребно да излезе од стапицата на етно диференцирање и да влезе во просторот на граѓанското, на чело на Собранието доаѓа човек кој целата кариера ја изградил токму на етно диференцирање и кој од првиот момент покажува дека тоа му е приоритет.

Коментари | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој, само кај дупката каде што се Македонците нема, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска ги прокоментира случувањата во Македониа, особено по последната актуелна политичка ситуација и понижувачките резултати за најстариот универзитет св. „Кирил и Методиј“ кој е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети.„Странците фрлаат дрва и камења врз ново избраната претседателка на државата затоа што го употребила името Македонија, Македонците се ситат и ја нарекуваат бесловесна баба која ќе ја уништи државата. Бујар Османи го враќа амбасадорот од Чешка затоа што овој се спротивставил на отворената узурпација на Министерството за надворешни работи од ДУИ, Македонците се ситат и ги шират лагите на Османи.Најстариот универзитет во државата е рангиран на 1990 место од 2000 најдобри универзитети затоа што секоја власт издвојува кикирики за образование и 0 средства за наука, Македонците се ситат и велат со вакви професори толку заслужуваме. Бугарија бара преиспитување на илјадници државјанства дадени на Македонци кои во 90% од случаите само така можат да најдат добра и соодветна работа, Македонците се ситат и велат да им се одземат или да бидат протерани.Јас 30 години повторувам исти нешта и се залагам за исти принципи и на избори од 280000 гласачи добивам 1200 гласа, Македонците се ситат и велат од каде да знаеме за што ќе се залагаш ако дојдеш на власт. Крај секоја дупка во пеколот има стража, случајно да не побегне некој. Само кај дупката каде што се Македонците нема. Тие сами го влечат назад тој кој што ќе се обиде да излезе“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 година

mirjana-najcevska

Нашиот авион го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата, вели Најчевска за Токсиколгија

Професорката по право, Мирјана Најчевска посочува дека министерот за здравство треба кривично да одговара за случувањата на Клиниката за токсикологија. Таму, единаесет лица работеле без важечки договор, дел од нив и без соодветно образование. Ова го констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат.„Има еден постар филм се вика: “Има ли пилот во авионот“. Нашиот авион очигледно нема пилот. Го возат кецароши од задната клупа кои се поддржани од мафијата. За ова мора кривично да одговара министерот за здравство и секој од раководните кадри кои знаеле а не предупредиле и не повеле соодветна постапка за заштита на пациентите. За ова се оди во затвор на долго време“, вели Најчевска.Пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант работеле на Токсикологија, без потребните квалификации.„Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност“, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Коментари | пред 1 година

najcevska-bektesi

Најчевска до Бектеши: Дибече мафијашко! Сакаат демократијата да ја заменат со правила на улични банди!

Професорката Мирјана Најчевска, предлогот на министерот Бектеши кој рече „сите јавно да потпишат договор дека губитниците на претстојните избори ќе ја напуштат политичката сцена“ е правило на улична банда. Таа го искритикува ова и него го нарече „дибече мафијашко“.„Еве ова се тие мафијашчиња кои демократијата сакаат да ја заменат со правилата на уличните банди. Дибече мафијашко, има демократски процедури и правила дефинирани во Уставот и во законите кои не се сведуваат на рекет и улични договори“, напиша Најчевска.Претходно, Бектеши прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.„Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии“, нагласи Бектеши.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања