Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryugnqn0jbi0r70lxRven

По годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, проф. Мирајна Најчевска порача дека загинатите не смеат да се сведат на „63 лица“ или „жртви“, бидејќи бројките ја обезличуваат смртта и го бришат сеќавањето за конкретни животи, имиња и семејства. Таа нагласува дека судските постапки бараат дистанца, но споменот не смее да биде статистика. Според неа, не станува збор за „несреќа“, туку за убиство – прашање е само каков вид и колкава е одговорноста на државата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.

„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Драгана, ...

Најлесен начин да се дистанцираш од емоциите е кога смртта ќе се претвори во израз и во бројка. Кога ќе се обезличи.

Кога ќе кажеш „жртвите“ тоа нема лице, ни коса, ни мирис ни глас ни насмевска ни прегратка ни ... Тоа е израз кој овозможува да се води судска постапка која треба да биде објективна и непристрасна и лишена од емоции. Ама не е сеќавање.

Кога ќе кажеш 63 загинати тоа е бројка. Безлична. Студена. Статистика.

Кога ќе умре човек не смее да биде бројка. Посебно кога ќе умре некој на прагот на животот. Тоа е затворена книга на сакање, радости, плачење, грижи, надежи. Затворена иднина спакувана во спомени. Тоа е бол кој раскинува и не поминува.

Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли и ...

Не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника и Никола и Александар и Јорданчо и ...

И не, не е несреќа туку е убиство. Можеме да разговараме дали станува збор за убиство без умисла, за убиство од голема небрежност, за потфрлање на државата кое довело до нивна смрт. Ама никако за несреќа“, напиша Најчевска.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања