Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАЈЧЕВСКА

najcevska

„Зошто Рама на бугарскиот премиер не му каже дека ќе биде премиер на источна Македонија“, реагира Најчевска

Професорката Мирјана Начевска прашува зошто албанскиот премиер Еди Рама не бил саркастичен со бугарскиот премиер, како што бил саркастичен со Димитар Ковачевски. Таа смета дека нема начин да се оправда смеењето и нереагирањето на македонскиот премиер.„А зошто не е саркастичен со бугарскиот премиер? Зошто на бугарскиот премиер не му каже дека ќе биде премиер на источна Македонија, на пример? Тоа би сакала да го видам. А за нашиот премиер немам оправдување“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 3 години

285833252_1164194514122178_349171824516716185_n

Да отвориш клуб и да го наречеш Ванчо Михајлов, може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи во врска со клубот Ванчо Михајлов во Битола.„Да отвориш клуб на културата во Македонија и да го наречеш Ванчо Михајлов (кој со културата има допирни точки како риба со велосипед) може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, да продуцираш конфликти и да ги користиш секогаш кога ќе ти притребаат.Елементарна дипломатска култура ќе покажеа кога ги видоа реакциите во Македонија да го променат името на клубот.Меѓутоа, во случајот очигледно постои и умисла и намера за создавање и одржување непријателство меѓу Бугарите и Македонците“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

najcevska

„Да се гордееш со Ванчо Михајлов, зборува многу за развојот на една држава“, Најческа удри по Бугарите

Да се гордееш со лик како Ванчо Михајлов зборува многу за историјата и денешното ниво на развој на една држава, вели професорката Мирјана Најчевска.„Да дозволиш странска држава да отвори културен клуб со име на човек како Ванчо Михајлов зборува многу за твоето сопствено ниво на свест, достоинство и ниво на незнаење.Џабе се вознемирувате од окупацијата на Фашистичка Бугарија врз Македонија во Втората светска војна кога самите ги величате носителите на фашизмот во Македонија, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања