Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАЈЧЕВСКА

kovacevski-492

„Само мали деца се лажат со вакви ветувања“, платата од 1000 евра на Ковачевски искритикувана од Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, не му верува на експремиерот Димитар Ковачевски дека ако победи на избори во Македонија ќе има просечна плата од 1000 евра. Според неа, постојат и други проблеми кои треба да бидат фокус на изборите, а тоа, првично, се привилегиите кои ги уживаат државниците.„Само мали деца се лажат на вакви ветувања. Полнолетните луѓе со деловна способност размислуваат со своја глава и рационално ги одмеруваат опциите од кои избираат. Јас на пример би можела да ветам е дека би се борела за воведување правила, процедури и критериуми кои ќе важат за сите еднакво. За намалување на функционерските привилегии, а зголемување на нивната одговорност. За граѓанска држава во чиј центар е граѓанинот и неговите потреби“, вели Најчевска.Иако изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај започнува на 18 април, политичките партии веќе започнаа со објавување на нивните ветувања доколку победат на изборите и успеат да формираат влада. Фокусот на СДСМ, е економскиот дел.

Македонија | пред 2 години

najcevska-osmani

„Кажа дека одговара пред Ахмети, а не пред Владата, а сега вели дека работи за сите заедници“ - Најчевска го обвини Османи за уценување

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново го искритикува министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи. Таа смета дека тој немал ниту една активност во корист на етничките Македонци.„Бујар Османи ни соопшти дека тој во досегашната своја работа покажал дека работи за сите заедници. Мене ме интересира една единствена работа која ја направил за македонската заедница. Дали како таква ја смета посветената работа за внесуваето на Бугарите во Уставот? Или, можеби изјавата дека не одговара пред Владата туку пред Али Ахмети?Или посветената работа во полза на Косово и Албанија за вереме на преседавањето на Македонија со ОБСЕ? Или можеби со промовирањето на лагата дека етничките Македонци се проруски настроени, а етничките Албанци во Македонија се тие кои се борат за влез во ЕУ? Или со узурпацијата на Министерството за надворешни работи и ставањето на ова министерство во функција на ДУИ? Или со дискриминацијата на дипломатските претставништва раководени од етнички Македонци наспроти тие раководени од етнички Албанци? Или со уцените упатени кон етничките Македонци и заканите во случај овие уцени да не вродат со плод? Навистина ме интересира да ми биде посочена една единствена активност на Бујар Османи која е во корист на етничките Македонци“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 2 години

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства, време е да ги отвориме Хашките случаи, вели Најчевска

По Павле Трајанов од Демократски сојуз, и професорката Мирјана Најчевска повика да се отворат Хашките случаи. Според неа, злосторства против човештвото не застаруваат.„Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства кој беше амнестиран од страна на ДПМНЕ. Време е да ги отвориме Хашките случаи. Злосторствата против човештвото не застаруваат“, напиша Најчевска.Претходно, слично барање имаше од Трајанов.„Демократски Сојуз на Павле Трајанов излезе со барање Парламентот да создаде услови за продолжување на постапката за решавање на четирите хашки предмети од 2001 година. Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети "Вотство На ОНА", "Липковско Езеро", "Гробница Непроштено" и "Мавровски работници", да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети. Согласно Женевските Конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства. Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства“, стоеше во соопштението од партијата на Трајанов.

Коментари | пред 2 години

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонија одамна не е држава а веќе не е ни вуко**бина, таа е обична спрдачина која може да служи само за потсмев, коментира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска упати критики за состојбите во Македонија, коментирајќи дел од случувањата во изминатиот период.„Македонија одамна не е држава а веќе не е ни вукојебина. Таа е обична спрдачина која може да служи само за потсмев.Се продава државата на странци како акт на патриотизам, министер им наредува на директори да одат на болување, договор објавен во Службен весник требало да биде запишан во МТСП, министерката за култура шкрта и преправа бод листи на комисијата која дава предлози за финансирање, државата финансира концкарници, криминалците кои крадат државни пари се помилуваат, функционерите си делат плати и тендери, секоја будала станува државен службеник, судиите се караат кој е поголем криминалец меѓу нив, партиите си ставаат уставни судии задолжени да ги штитат, се градат споменици и се виорат знамиња опкружени со смет и фекалии, а мафијата слави роденден на шефот во просториите на Владата.Ситуацијата е безнадежна но никако не и сериозна“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 2 години

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Талат куртули, Најчевска праша: Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт?

Талат Џафери може да спие мирно оти одговорност за тоа што беше претседател на Собранието, а истовремено и дел од претседателството на генералниот совет на ДУИ нема да има. Тој повеќе не е собраниски спикер, туку технички премиер, па се запира и постапката која се водеше пред Антикорупциска.Сепак, професорката Мирјана Најчевска не се согласува дека тој не може да биде казнет.„А зошто Џафери не може да биде санкциониран сега? Како премиер тој има истоветен имунитет како и кога бил пратеник. Значи треба да биде казнет. Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт? Најверојатно така сакаат граѓаните. Нема друго. И еве заради ова сите (ЧИТАЈ СИТЕ) кадри на ДУИ мора да бидат исфрлени од било која раководна позиција“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Критерум „етничка припадност“: „Балансерот се сведува на една заедница и придонесува таа да има послабо образование, искуство, вештини“

Нова серија критики за вработувањата низ државните институции во Македонија, со критериум „етничка припадност“. Откако лавина реакции имаше поради вработувањата во здравствените институции, каде ова беше пресуден фактор, сега професорката по право Мирјана Најчевска одново го искоментира балансерот, кој контролира колку Македонци, а колку други етнички заедници се дел од институциите.„Балансерот со кој конкуренцијата се сведува на една етничка заедница придонесува таа етничка заедница да има послабо образование и да биде реално некомпетитивна по знаење, искуство и вештини на глобален план. Со балансерот најлоша услуга се прави на немнозинските заедници“, напиша Најчевска.Претходно, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Фатмир Меџити, посочија дека законски е етничката припадност да биде критериум, па дури и во здравството.

Коментари | пред 2 години

slika-2-analiza

Најчевска за Тренчевска: Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи повторно реагираше за пензиите.„Министеркава за труд и социјална политика е еден од тие интелектуални бисери на владата на Ковачевски.Еве сега ја слушам ни вели не било нормално пензионери со пензии од 30000-40000 денари да излегуваат на протести.Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка.Јас излегував да демонстрирам со лицата со попреченост, со припадниците на ЛГБТ заедницата, со сексуалните работнички, со наставниците, со текстилците, со заштитниците на природата, со социјалците, со жртвите на извршителите, со полицајците, со лекарите, ...Ете од вакви големи бели птици не можеме да мрднеме на скалилата на цивилизацискиот развој“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

penzija

Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат со укинување на бесмисленото министерство за политички систем, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека парите потребни за зголемување на пензиите може да се земат од администрацијата на Владата за која се одвојуваат над милијарда денари.„Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милијарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.Или, пари има, само треба да се распоредат.Така?“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najcevska-huliganka

Се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат, ама не и зошто функционерите си покачуваат плати, вели Најчевска

Професорката Мирајна Најчевска покрај бројните критики кон одлуките и постапките на Владата, деновиве со свој став и за многубројните оправдувања зошто не може да се зголемат пензиите.Таа укажува дека многумина се огласија да појаснат зошто пензионерите не може да добијат повисоки пензии, но никој не даде објаснување зошто функционерските плати се зголемија за скоро 80 проценти, а притоа и ги кријат платите, дополнително што има високи профити во земјава...- Одеднаш се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат наместо да живеат, ама не се појави ниту едно објаснување зошто функционерите си покачуваат плати, банките вадат екстра профит, пратениците се расфрлаат со патни трошоци, се плаќаат казнени пенали за изградени и неизградени патишта и објекти... - напиша Најчевска на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска со порака до Димитров: Дечко покажа дека не си материјал за политичар

Професорката Мирјана Најчевска жестоко и до поранешниот Министер за надворешни работи, Никола Димитров, по неговото вчерашно телевизиско гостување, во кое тој изјави дека „чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа“.На ова Најчевска напиша:„Такви како тебе штом ќе се докопаат до фотеља подлежат на лоботомија.Дечко покажа дека не си материјал за политичар и тоа ти е“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска за изјавата на Муртезани: Ваков тип никогаш не смее да стане дел од власта на држава која не ја прифаќа како своја

Орхан Муртезани од албанската партија „Алтернатива“ порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.„Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи“, рече Муртезани.На оваа изјава реагираше професорката Мирјана Најчевска.„Прво, во Македонија не живеат Албанци туку граѓани на Македонија кои припаѓаат на албанската етничка заедница, односно се по потекло етнички Албанци.Второ, секој од тие граѓани кои припаѓаат на албанската етничка заедница кога станал функционер ја пеел химната на државата чиј државјанин е.Трето, ова треба да се процесира како говор на омраза и како акт на поттикнување етнички базирано непријателство.Четврто, ваков тип никогаш не смее да стане дел од власта на држава која не ја прифаќа како своја.Петто, следниот чекор е повикување на насилно уривање на уставниот поредок?И шесто, јас лично овој тип не би го третирала со преголема сериозност. Едноставно тој е дел од оние кои едноставно немаат ништо паметно да понудат на граѓаните на Македонија и се обидуваат сопствената безидејност да ја замаскираат со националистичко пакување“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Ако името на Демачи не е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата, преименувањето е ништовно, вели Најчевска

„Дали името на Демачи е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата?Ако не е тогаш преименувањето е ништовно“, потсетува професорката Мирјана Најчевска во врска со „приватната“ посета на Албин Курти на Чаир и преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“, по политичарот од Косово, Адем Демачи.„Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово.Македонските политички субјекти кои го користат Курти за подигање на сопствениот рејтинг се претставуваат како екстремни националисти кои не можат да бидат дел од изградбата на европска Македонија“ вели Најчевска во објава на Фејсбук и притоа ја прозива „владејачката“ партија:„А, да ја потсетам СДСМ дека се на власт 7 години и дека секој ден покажуваат дека немаат појма што да прават на таа позиција“ вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

bugarija-zname

Можеби Бугарите а не ние треба да го променат уставот, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, објави текст во кој може да се прочита информација дека бугарскиот суд ја одбил Истанбулската конвенција против насилство врз жените, затоа што Уставот не им дозволувал.Потоа таа додаде свој коментар:„Уставот не им дозволува да ја ратификуваат Истамбулската конвенција против насилство над жените. Уставот не им бил соодветен да спомнат етнички малцинства.Можеби Бугарите а не ние треба да го променат уставот“, напиша Најчевска

Коментари | пред 2 години

francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Поддршката која Франција и ја дава на Бугарија можам да ја разберам само како искористување, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска преку својот фејсбук профил потсетува дека негативниот однос на Франција кон проширувањето на Европската унија не е од вчера, туку датира од многу одамна.А сега, како што нагласува таа, поддршката од Франција за Бугарија може да ја разбере само како искористување на таа држава за остварување на француските намери.„Негативното влијание на Франција врз земјите кандидати за ЕУ не е од вчера и не е само кон нас.Во 1961 Британија аплицираше за членство во Европската економска заедница. На ова стави вето францускиот претседател Чарлс де Гол (по нашки Шарл), кој беше загрижен дека британското членство ќе го ослаби францускиот глас во Европа. Тој исто така се плашел дека блиските Англо-Американски односи ќе водат кон зголемено влијание на САД во Европа. Чарлс де Гол исто така ставил вето на https://www.parliament.uk/.../britain-and-eec-to.../....).Поддршката која Франција и ја дава на Бугарија можам да ја разберам само како искористување на Бугарија за остварување на француските намери и желби“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук статус.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Ако се ослободиме од ДУИ ќе и покажеме на ЕУ дека сме зрели за преговори, а не ако внесеме двајца без тројца во Уставот, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека веќе 20 години Македонија е под постојан рекет од ДУИ.„Премиерот не ги проследува оставките на министрите од ДУИ до претседателот на Собранието согласно деловникот. ЕВН се договор со ДУИ дали жителите на одделни села треба да плаќаат за струја или не. Членови на ДУИ стануваат Јавни обвинители стануваат пред да завршат факултет. Членови на ДУИ добиваат тендери од државата и од тие пари плаќаат процент на Али и на мафијата наречена партија. Членови на ДУИ добиваат плата за неодење на работа. Членови на ДУИ играат фудбал во канцеларии. Членови на ДУИ држат партиски состаноци во Владата. Членови на ДУИ најотворено прават криминални дејствија заради кои се непожелни за редица држави меѓутоа не и за правосудните органи во Македонија...Веќе 20 години Македонија е под постојан рекет на ДУИ.Зрелоста за започнување на преговори со ЕУ ќе ја покажеме ако успееме да се ослободиме од ДУИ а не ако внесеме во Уставот двајца без тројца кои се обидуваат да докажат дека не постојат Македонци како посебна етничка заедница со посебна култура, јазик и историски развој“, вели Најчевска

Коментари | пред 2 години

20180730105141

Говорот на Џафери го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи го сподели говорот на Талат Џафери од Мечкин Камен и прокоментира дека го чуствува како сквернавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени.„Членовите на ПДП имаа според мене разум, одговорност и државнотворност.Џафери и бандата од ДУИ се само криминалци кои можат што сакаат да зборуваат меѓутоа со ниту една постапка не покажале ни разум ни одговорност ниту пак елементарна државнотворност.Говорот на Џафери на овој ден и на ова место го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Најчевска: Вметнувањето на Бугарите во Уставот не е техничка работа

Професорката и политички аналитичар, Мирјана Најчевска, на социјалните мрежи коментира дека вметнувањето на Бугарите во Уставот не може да биде техничка работа.„Вметнувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот не е техничка работа. Исто како што не е техничка работа на пример впишување уште една оцена во книшка. Не велиме ај кај 10 петки може уште четири. Кај другите таму и тие. Станува збор за суштинска промена која го отсликува минатото на државата врз кое пак се темели нејзината иднина. Во Уставот ништо не е техничка промена. Токму затоа се бара посебно мнозинство“, наведува Најчевска во коментарот.Понатаму таа остро го критикува и премиерот Димитар Ковачевски, надоврзувајќи се на неговата изјава дека Македонија е пред вето одвнатре, односно против уставни измени се руски ботови и платени политичари.„Ова треба да го разбереме како повик на јавна расправа, дискусија, дебата, барање алтернативни решенија? Ова се тие политичари со мозок на винска мушичка за кои крадењето и лажењето се највисок дострел на државничко делување. Ова треба под итно да се тргне од раководна позиција и да се процесира низ системот за правораздавање (ако останал и грам право во тој систем)“, вели Најчевска.Професорката додава дека „секој член на СДСМ кој дозволува и понатаму на чело на нивната партија и на чело на извршната власт да стои мивка како Ковачевски е виновен за она што се случува во Македонија во моментов“.Макфакс

Македонија | пред 2 години

sllupcan

Најчевска за неплаќачите на струја: Каков договор е склучен жителите на Слупчане, и какви договори се направени во Сарај и Арачиново

Секој што троши струја треба да ја плати, а бунтот во Слупчане ќе се реши на ист начин како што беа решени и Арачиново и Сарај, уверуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Жителите на Слупчане вчера го условија ЕВН да им ги прости долговите, најголемите сметки да бидат 3.000 денари и новите куќи бесплатно да се приклучат за да им биде дозволен влез на екипите во селото.Професорката Мирјана Најчевска прашува каков договор е направен во Сарај и Арачиново, и зошто се прават посебни договори во места каде има мнозинско население од конкретна етничка заедница?„Нека објават каков договор е склучен со жителите на Слупчане. И многу ме интересира какви договори се направени во Сарај и Арачиново/ И зошто се прават посебни договори само во места каде што е мнозинско население од конкретна етничка заедница?Мислам дека овде треба да се вмешаат неколку надзорни тела ако останал еден единствен човек во нив кој не е купен или заплашен“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-08-18-at-21.40.12

„А каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место“, вели Најчевска за случајот со Комунална хигиена

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира откако вчера Државниот инспекторат за труд наложи дека 32 вработени од Комунална хигиена треба да се вратат на работа, бидејќи како што рекоа оттаму, биле незаконски избркани.„А каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место и како е можно толку луѓе да не одат на работа а да добиваат плата?Мислам дека сега треба Косана Мазнева да оди на суд и да побара отповикување на инспекторската одлука.Би свртела внимание на членот 87 од Законот за работните односи“, пишува Најчевска во својата објава на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска: Tргнете го лакејот на Ахмети од позицијата од која веќе нанесе штета во преговорите со Бугарија и сите негови извршители кои се директно вклучени во овие преговори

Заштитата на правата на малцинствата во Македонија е во рацете на самите малцинства. Таа е регулирана со уставот на државата, постои посебно министерство за таа цел, Народниот правобранител е од редот на најголемото малцинство, воспоставен е систем на квоти, се води грижа во секое министерство на раководна позиција да има претставници од етничките малцинства, вели професорката Мирјана Најчевска.„Не е во ред човек кој припаѓа на една етничка заедница, кој не ја признава хиерархијата на државата туку хиерархијата на етнички дефинираната партија, да се наоѓа на раководна позиција од која треба да се преговара за правата на друга етничка заедница.Во спор во кој се засегнати интересите на една етничка заедница главен збор мора да имаат претставниците на таа заедница.Ве молам, тргнете го лакејот на Али Ахмети од позицијата од која веќе нанесе неверојатна штета во преговорите со Бугарија и тргнете ги сите извршители на Али Ахмети од телата кои се директно вклучени во овие преговори.Или, во секоја од структурите која се бави со правата на албанската етничка заедница во Македонија на раководна позиција да биде поставен етнички Македонец.Во услови кога албанската етничка заедница одбива градење на граѓанска држава, не може претставниците на оваа заедница да се постават на функции од кои ќе преговараат за правата на мнозинската - македонската заедница.Значи, или граѓанска држава која не се базира на етницитетот како основен критериум за поделба на власта, или етнички поделена држава во која нема мешање на една етничка заедница во сферата на интерес на друга етничка заедница.Решете се.Јас ете мислам дека е време за технократска власт која ќе ја изгради граѓанската опција, ама не прифаќам некој да ме прави будала“, додава таа.

Коментари | пред 2 години

najcevska

Најчевска до Маричиќ: Не бре дете, не е добро што доаѓа европска мисија да врши мониторинг врз судскиот совет

Професорката Мирјана Најчевска со пост на својот Фејсбук профил се осврна на изјавата на министерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека е добро што доаѓа европската мисија која ќе врши мониторинг врз работата на оваа Судскиот совет оти имиџот на оваа институција е слика за целото правосудство.На ова Најчевска му укажа дека напротив, не само што не е добро, туку и лошо зборува за нас, и нашето судство.- Не бре дете, не е добро што доаѓа европската мисија да врши мониторинг врз судскиот совет.Тоа значи дека сме недоветни, неспособни, шутрачиња кои некој треба да ги мава по уши за да не си ги јадат мрсулите - напиша Најчевска на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

kovacevski

Најчевска до Ковачевски: Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп

Професорката Мирјана Најчевска со остар тон кон премиерот Димитар Ковачевски по неговата фамозна изјава за внукот на Али Ахмети, кој стана нов сопственик на трговскиот центар „Соравија“.- Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп.Граѓаните те прашуваат како премиер за корупцијата направена од страна на министри и функционери кои се одговорни пред тебе.Те прашуваат како премиер кој наводно отвори војна на корупцијата и како премиер кој е задолжен да спроведува одредена политика која треба државата да ја внесе во ЕУ.Ич не ни е гајле за твоите внуци освен ако не се дел од коруптивнат мрежа создадена и заштитена од власта - пишува Најчевска на својот Фејсбук профил.Таа исто така дополнува „Дај престни да тресеш зелени и однесувај се како премиер ако воопшто имаш интелектуален капацитет да разбереш што е тоа или тргни се од функцијата од која правиш непоправлива штета на државата“.- СДСМ како една од нјголемите партии треба да се засрми премиер од нивните редови да биде овој лик.И ова воопшто не значи дека на твое место треба да дојде Мицковски како твој пандан по сите основи.Треба да дојде човек со два грама мозок и два грама принципи и два грама морален интегритет - заклучува Најчевска.

Коментари | пред 2 години

mirjana-najcevska-huliganka

Моментално на раководни позиции се луѓе кои не ја перципираат Македонија како своја држава, мора да бидат тргнати, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, која редовно пишува за актуелните политички случувања во земјата, вели дека на раководните позиции има луѓе кои не ја чувствуваат Македонија како своја држава и затоа треба да бидат тргнати од позициите.„Моментално на раководни позиции се наоѓаат луѓе кои не ја перципираат Македонија како своја држава, кои не ги перципираат граѓаните на Македонија како луѓе во чиј интерес треба да работат и кои не одговараат за ниту едно прекршување на законите. Тие луѓе мора да бидат тргнати од раководните позиции“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 2 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска за Меџити: Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, треба да биде кривично гонет

Професорката Мирјана Најчевска го критикува министерот за здравство Фатмир Меџити, кој вчера изјави дека граѓаните на Косово и Албанија ќе плаќаат исти цени за лекување во нашето здравство, како и македонските граѓани. Таа смета дека него институциите треба кривично да го гонат.„Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да биде читање на Уставот, законот за државјанство, Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита, Законот за Влада, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик. Не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави туку за граѓаните на Македонија. Неписмени крелци не смеат да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер“, пишува Најчевска на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 години

najcevska-zekoli-696x364-1

Најчевска до Зеколи: Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд

Професорката Мирјана Најчевска објави колумна на Арсим Зеколи во врска со македонско-српските односи. Таа преку социјалните мрежи му порача да се извини, а доколку не го направи тоа ќе се видат на суд„Слушај креле продадено, или јавно ќе се извиниш или ќе се гледаме на суд,Секоја белосветска будала платена од Али Ахмети си зеде сила и се размавна со националистичко-нацистичките крилја и без срам и перде шири бљувотини. Нека покаже крелецот едно единствено нешто кое би го поткрепило неговото тврдење за моето наводно “србољубство“.Очекувам јавно извинување во рок од 7 дена потоа следи пријава за навреда.Заради вакви крелци расте омразата кон се што е aлбанско во Македонија.Ова се тие скриени платеници кои ја уништуваат идејата за граѓанско општетсво, лажат за минатото, ја извитоперуваат сегашноста и ја изгнасуваат иднината дури и пред да прфне.Ваквите крелци треба да бидат судени и осудени во секоја нормална држава за сеење лаги, омраза врз етничка основа и пред се заради свесно дестбилизирање на државата“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања