Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СИЉАНОВСКА

media-library7t4ei6f5o89f4J67bLC

(Видео) Најчевска: Иванов беше фикус, Сиљановска е дифенбахија, функцијата станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае и умее

Професорката Мирјана Најчевска во ,,Претрес со Ландов” говореше зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја нарекла ,,дифенбахија”.„Дифенбахијата е отровна и не се препорачува во домашни услови. Иванов беше фикус, дефинитивно беше некој којшто не можеше да нанесе толку штета затоа што го нема тој интелектуален капацитет. Гордана Сиљановска е интелигентна, има мозок и доколку некој кој има знаење и мозок и којшто има интелектуален капацитет да направи нешто на соодветна фукнција, не го прави тоа тогаш тој нанесува штета, исто како дифенбахијата. Таа го прочистува воздухот, но доколку се пипне или касне може да биде отровна. Во одеден момент функцијата претседател станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае, умее и има интелектуален капацитет”, рече Најчевска.За себе вели дека е кактус.Таа открива дека гласала за Сиљановска за претседателка.„Ја знам одамна, беше многу паметна жена, со цврти, јасни, разумни ставови, но нешто се случи, во моментот кога беше избрана за претседателка одеднаш како да се претвори во својата спротивност. Јас едно време имав став дека луѓето кога ќе дојдат на власт како да им прават лоботомија, како да им вадат дел од мозокот, а потоа кога ќе излезат од власт повторно им го враќаат и стануваат нешто сосема поинаку“, вели Најчевска.Најчевска вели дека и замерува на Сиљановска што не ја вратила суштината на институцијата претседател.„Претседателот во македонскиот Устав и правна структура е замислен како некој вид на последна одбрана од незаконитоста. Јас заради тоа го критикував Пендаровски кој дозволи да поминат измените на Кривичниот законик и покрај тоа што мислам дека Пендаровски беше релативно добар претседател. Таа како правник е свесна дека е лошо за развојот на демократијата да не најде сила да се спротивстави на ништо“, вели Најчевска.

Студио | пред 3 часа

media-libraryais0r1gakmfh1Urp8NE

(Видео) Претседателката повторно вирална: ја снема, па „исплива“ пред камeрите на медиумите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова накратко исчезна од кадар за време на прес-конференција со медиумите, откако се наведна за да коригира нешто што не беше видливо за камерите, по што повторно се појави и ги повика новинарите да поставуваат прашања.Моментот брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирален, токму поради неочекуваниот прекин пред почетокот на обраќањето.Според информациите, претседателката не била известена дека во тој момент прес-конференцијата се емитува во живо на МИА. По враќањето пред камерите, таа продолжи со комуникацијата со новинарите

Македонија | пред 1 ден

media-librarybo8ji1v8vj2eaza2IFA

Сиљановска се сретна со казахстанскиот министер Арман Шакалиев – во фокус е трговијата и енергетиката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница.На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот Касим-Жомарт Токаев на Астана форумот и на Самитот КОП 29 во Баку, како и неодамнешното заедничко учество на Дипломатскиот форум во Анталија, значајно придонеле за зајакнување на меѓусебната доверба и политичкиот дијалог.Во разговорот беше истакната заедничката заложба за унапредување на економската соработка, особено во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, трговската размена, како и во културата и туризмот.Претседателката го поздрави одржувањето на Вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на двата важни документи: Договорот за македонско-казахстански бизнис совет и Меморандумот за промоција на трговијата и економската соработка.Казахстанските претставници особено се заинтересирани за инвестиции во слободната економската зона Бунарџик, заради можноста за полесен пристап до европскиот пазар.Претседателката и министерот ја реафирмираа заложбата на малите и средни држави за мултилатерализам и потребата од  зајакнување на улогата на ОН во меѓународниот поредок.

Македонија | пред 2 дена

media-librarync81kak73c6e8TX7JHn

Сиљановска: Оваа иницијатива има цел да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации

Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 до 14 години.Деца од предучилишна возраст, како и ученици од основното и средното образование учествуваа во бројни спортско-рекреативни содржини: физички вежби, тимски игри, музички и танцови изведби, како и атлетска трка што ја донесе натпреварувачката возбуда и радост.При обиколката на групите, распоредени според возраста и интересите, претседателката со особено внимание ги проследи активностите, изразувајќи искрено задоволство од ентузијазмот, посветеноста и позитивната енергија на учесниците.Според неа, иницијативата го покрива не само само образованието, туку има поширока општествена цел: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации.„Она што нè обединува сите е квалитетното образование, физичката култура и доброто здравје“, рече претседателката. За неа, има насушна потреба од поздрав модел на живеење, во којшто младите ќе бидат физички поактивни, подолго ќе престојуваат во природата, третирајќи ја како рамноправен партнер, и кон сопственото здравје ќе се однесуваат како кон највреден личен и социјален капитал. Говорејќи за значењето на физичкото образование, Сиљановска-Давкова нагласи дека спортот истовремено и подеднакво ги зајакнува телото, умот, карактерот и духот. Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, поздравувајќи ја идејата на Сиљановска-Давкова, за спортско-културен настан во дворот на Кабинетот, ги образложи мотивите на иницијативата со очекување на добри резултати преку интензивна институционална соработка. За него, основната причина за физичка активност е градењето здрава нација, неопходна не само во нижењето успеси во спортот, туку и како движечка сила на економскиот и севкупниот општествен развој. Деканот очекува дека заедно со експертски групи од Хрватска и Словенија, а во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука, како и Владата, веќе по три години ќе имаме видливи резултати со коишто ќе се гордееме.

Македонија | пред 2 дена

siljanovska-davkova-2

Сиљановска: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека Македонија не само што чекори рамо до рамо со водечките кандидати за членство во Европската Унија(ЕУ), туку во одредени сегменти е и пред некои од нив.Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, таа нагласи дека пристапниот процес треба да се води врз основа на факти и критериуми, а не на, како што рече, ирационални барања.„Тоа покажува дека не само што сме рамо до рамо со главните претенденти за брзо членство во ЕУ, туку сме и подобри од некои од нив“, истакна Сиљановска-Давкова.Таа посочи дека македонското законодавство во голема мера е усогласено со европското, што, според неа, е дополнителен аргумент за напредокот на државата во евроинтегративниот процес.

Македонија | пред 1 седмица

siljanovska-davkova-2

„Климатски промени – ризици и предизвици“, Стручна дебата во кабинетот на Сиљановска

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на претседателката, ќе се одржи настан насловен „Климатски промени – ризици и предизвици“.На настанот ќе учествуваат универзитетски професори, експерти, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, кои ќе дискутираат на три тематски сесии:Институционална рамка и законска регулатива за климатски промени, квалитет на воздухот и здравствени последици;Климатски ризици, отпорност и иновативни мерки за адаптација;Интегрирано управување со води, квалитет на водите, георизици и адаптација на земјоделството. Воведни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, националната координаторка за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска и Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки и член на Советот за безбедност. Целта на стручната дискусија е да произлезат заклучоци, препораки и предлог-мерки за превентивно дејствување и иновативни решенија за адаптација на климатските промени.

Македонија | пред 2 седмици

siljanovska-davkova-2

Сиљановска со честитка: Велигден да нè потсети на љубовта, солидарноста и надежта

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед.„На сите верници кои го прославуваат Христовото воскресение според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.Најискрено, посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост, љубов и среќа.Речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа.Во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верувам дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот.Очекувам Велигден да го разбуди Божјото во сите нас, да нè потсети дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината и да ни помогне да исчекориме напред, по Божјиот пат!Христос воскресна!“, напиша Сиљановска.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2ebq00uho46bcaZbwh3

Дмитриј Зиков ѝ ги предаде акредитивните писма на Сиљановска

Денеска Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Дмитриј Зиков, ѝ ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.„Изразив уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.За амбасадорот Зиков, преставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник - Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба“, вели Сиљановска.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj8e6eockdalidRofQdC

Сиљановска-Давкова: Инсистирам на еднакви стандарди во процесот кон ЕУ

Со порака дека Балканот мора да стане дел од Европската Унија и дека процесот на интеграција мора да се води по јасни и еднакви правила, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во Скопје.„Средбава се случува во пресрет на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, еден важен настан за одбележување, среќен настан, но и, морам да кажам, 20 години од добивањето на нашиот кандидатски статус за Европската Унија. Мило ми е што претседателот е во возвратна официјална посета“, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа нагласи дека двете држави се пример за добрососедство и стабилна соработка, особено во рамките на НАТО, оценувајќи дека ваквите средби дополнително ја зацврстуваат довербата.„Денеска, уште еднаш, потврдивме дека сме извонреден пример на регионално добрососедство, добар пример на соработка, внатре, во рамките на НАТО сојузот и денешната средба уште повеќе ја зацврстува довербата“, рече Сиљановска-Давкова.Како значаен чекор во билатералните односи го издвои потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Младинските совети, од кој се очекува нова динамика во односите.„Она што за обајцата денеска беше ново, важно и инспиративно е потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Младинските совети и очекувам овој меморандум да внесе свежина и креативност во нашите односи“, истакна претседателката.Во економскиот дел, таа оцени дека постои сериозен неискористен потенцијал за продлабочување на соработката.„Што се однесува до економската соработка, господинот Милатовиќ е далеку поупатен од мене, но мислам дека овие скромни 61,8 милиони долари мора да се зголемат и има голем простор за тоа во градежништвото, во туризмот, во енергетиката, можеби исто така, во отворањето повторно на авиолинијата Подгорица-Скопје или Тиват-Скопје, бидејќи и двете држави во туризмот полагаат големи надежи“, рече Сиљановска-Давкова.Претседателката потенцираше дека заедничката визија е јасна – стабилен и просперитетен регион во рамки на Европската Унија.„Каде и да одам, а многупати сме се среќавале со господинот Милатовиќ, по многу настани во рамките на мултилатералната соработка, секогаш во него препознавам компетентен, кредибилен и почитуван соговорник, чии ставови ми значат и ги ценам. Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија“, нагласи Сиљановска-Давкова.Таа го поздрави и најавениот самит Европска Унија – Западен Балкан во Црна Гора, оценувајќи дека тоа е сигнал дека процесот на проширување мора да добие реална динамика.„Го поздравувам, го поддржувам и мислам дека тоа ќе биде доказ дека прашањето за членството на Западниот Балкан не е веќе само прашање врзано за иднината, туку е прашање што треба и може да стане реалност“, изјави претседателката.Во однос на европската интеграција, таа посебно се осврна на почитувањето на принципите и критериумите.„Се разбира, денеска повторно го реафирмирав принципот што не сум го измислила, ниту пак некој одовде го креирал, принципот или принципите воспоставени во далечната 93-та година познати како Копенхашки критериуми. Повикав нашето чекорење кон ЕУ да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право“, рече Сиљановска-Давкова.Таа предупреди дека отстапувањата можат да создадат сериозни последици.„Многу важно е, бидејќи, еден преседан доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани“, нагласи претседателката.Во делот за правата на малцинствата, Сиљановска-Давкова посочи дека во рамки на Европската Унија постојат различни модели, но дека принципот на еднаквост мора да биде водечки.„Не постои европско право за малцинства. Во ЕУ има држави, многу големи, кои дури не ја потпишале Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Во ЕУ има држави најголемиот дел кои немаат ниту еден збор во уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви без оглед на било каква припадност, па и етничката“, рече Сиљановска-Давкова.„Инсистирам на еднакви стандарди“, додаде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа се осврна и на потребата од гаранции во процесот на проширување, посочувајќи на изјави од европски претставници.„Неисполнувањето на овие гаранции може да доведе до покренување постапка пред судот во Луксембург. Се разбира, ние не можеме да покренеме ваква постапка“, изјави Сиљановска-Давкова.Во однос на новите правни иницијативи, оцени дека иако доаѓаат со задоцнување, тие се важни.„Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секое барање за правна интерпретација е добро“, рече претседателката.Во завршницата, таа порача дека без регионална поддршка и разбирање, интеграцијата ќе биде потешка.„Меѓусебната поддршка на земјите на Западниот Балкан, за мене е императив. Меѓусебното разбирање побрзо ќе нè одведе до Европската Унија. Обратно, ако нема спремност меѓу нас да се разбереме, да се почитуваме и да се поддржуваме, тогаш сами си го отежнуваме патот кон Европската Унија“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6vph5aq1g5j08wOe1M5

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека Милатовиќ: Фокус на ЕУ и регионална соработка

Со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на официјална церемонија во Скопје.По тет-а-тет средбата, беше одржан и пленарен состанок на двете делегации, на кој се разговараше за политичките односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за прашања од областа на образованието, дигитализацијата, културата и туризмот.Во фокусот на разговорите беа и регионалните и меѓународните состојби, со посебен акцент на евроинтеграциите. Двајцата претседатели разменија ставови за процесот на приближување кон Европската Унија, при што беше истакнато дека Црна Гора е водечка земја-кандидат, додека македонскиот евроинтегративен пат се соочува со блокади и условувања поврзани со уставни измени.Соговорниците оценија дека интензивните реформи во согласност со Копенхашките критериуми придонесуваат за европеизација на регионот, додека продлабочената трговска и инфраструктурна соработка ја зајакнува неговата позиција во европски рамки.Воедно, беше нагласена и потребата од забрзана интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, особено во контекст на зголемените безбедносни ризици предизвикани од актуелните глобални конфликти.Како конкретен резултат од посетата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели, кој има за цел да ја унапреди комуникацијата и вклученоста на младите како клучен двигател на реформските и европските процеси.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб истакна дека во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Таа додаде дека ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски.Таа посочи дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го сменила своето име.Претседателката нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот. Таа додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.„Членот 7 вели: Ако членка на ЕУ ги крши основните принципи и вредности, третина од членките, третина од европските пратеници или самата Европска комисија, може да покрене постапка за ограничување и забрана за право на одлучување. Ваков беше случајот со Унгарија и Полска ако се сеќавате. Нека се најде некој Ричард Лајон Хард, барем ова да го каже таму. Сега ние чекаме, затоа кажувам, чекајќи го Годо, не знам која е причината, но што е тоа што сега е најважно? Неизвесност во светот. Не зборуваме за проширување на ЕУ, зборуваме за безбедноста на ЕУ. Очекуваме можеби мигранти повторно, а портата е тука, Грција па ние. Зошто да не ни се дозволи нам. Се разбира имам емпатија према Украина и Молдавија, но зошто и на нас да не ни се овозможи технички да преговараме“, изјави Сиљановска и додаде:Ако ги читате заклучоците за Албанија, Црна Гора и за нас, ќе видите разлика. Заклучоците се обично општи, но кај нашиот пишува спроведување на Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Нема проблем за спроведувањето, но договорот е двостран документ, што е со другата страна. Но живееме во време кога силните го работат она што можат, а слабите она што мораат.Сиљановска Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.Поради ова, како што рече Сиљановска Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Македонија | пред 4 седмици

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.Официјалната посета започна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде што претседателката се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

Македонија | пред 4 седмици

media-library1eevjf2mk5q5dnJvj9Q

Милановиќ со порака до Сиљановска: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, престојува во официјална посета на Хрватска, каде на Пантовчак се сретна со претседателот Зоран Милановиќ.На заедничката средба, Милановиќ се осврна на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон Европската унија, оценувајќи дека пред земјата се поставуваат премногу услови и барања. Тој нагласи дека Македонија самостојно треба да одлучи по кој пат ќе се движи.„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере. Претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокој на граѓаните. ЕУ и НАТО се надградба, но куќата се гради одвнатре. Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, изјави Милановиќ.Од своја страна, Силјановска-Давкова истакна дека Македонија се соочува со силен притисок од Европската унија за уставни измени, при што побара еднаков третман и укинување на двојните стандарди.„Како држава, скромно бараме да нема двојни стандарди и нашите постигнувања да се вреднуваат како и на сите други“, нагласи претседателката.Таа предупреди и на поширокиот контекст на меѓународната политика, оценувајќи дека во светот има сè помалку владеење на правото.„Денес живееме во свет каде силните прават што сакаат, а слабите она што мораат“, рече Силјановска-Давкова.Претседателката потенцира дека проширувањето на ЕУ денес не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање, особено за Балканот кој често е погоден од глобалните турбуленции.И покрај предизвиците, таа изрази надеж дека Македонија ќе добие фер шанса за членство и ќе може рамноправно да се натпреварува во исполнување на европските критериуми.Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а преговорите официјално ги започна во 2022 година. Сепак, процесот е забавен поради билатерални спорови, особено со Бугарија.

Македонија | пред 4 седмици

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата.Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи.На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.Претседателката нагласи дека државата доследно се водела од Копенхашките критериуми, со цел да изгради функционален и демократски систем компатибилен со европските стандарди. Според неа, евроинтегративниот процес мора да остане заснован на заслуги, реформи и исполнување на европските критериуми, а не да биде оптоварен со билатерални историски, културни, јазични и идентитетски прашања. Таа порача дека очекуваме еднаков третман и примена на исти стандарди како и за другите земји кандидати, со уверување дека во европските институции сè уште постои слух за аргументите, за правото и за достоинствено место на секој европски народ во Унијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија. Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот. Таа потенцираше дека Австрија е не само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес. Претседателката го реафирмираше ставот дека интеграциите мора да се базираат исклучиво на Копенхашките критериуми и на заслугите и дека билатералните прашања не треба да бидат инструмент за блокада на овој процес. Сите австриски амбасадори отворено го поддржаа македонскиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција. Тие го делат ставот на Претседателката дека регионалната соработка и пристап се клучни за европските интеграции. Воедно, се согласија дека во актуелниот геополитички контекст, проширувањето на ЕУ претставува безбедносен императив. Повикаа на почитување на владеење на правото, меѓународните договори и меритократијата. Соговорниците изразија подготвеност за натамошно продлабочување на македонско-австриските односи и за заедничка европска иднина.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys6j9ivgfsol4dxGWA3A

Сиљановска: Правото, правдата, етиката и солидарноста, се нашиот единствен избор во соочувањето со одговорноста за 63-те прерано згаснати животи

Денеска во Собранието на Македонија се одржа комеморативна седница за загинатите во трагедијата во Кочани.На седницата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Дафкова.„Денеска, на комеморативната седница во собранието, во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани, ја споделивме тагата со најблиските на непрежалените жртви.Во името на сите присутни, како и во името на македонските граѓани, претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши, изрази длабоко сочувство, емпатија, разбирање и подготвеност за помош.Јас, пак, верувам дека правото, правдата, етиката и солидарноста, се нашиот единствен избор во соочувањето со одговорноста за 63-те прерано згаснати животи“, вели Сиљановска.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymj9i3qcb0u4p6nAthNi

Сиљановска оддаде почит на македонските Евреи во „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи.Државна и човечка должност е да сме тука и да оддадеме почит на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта во 1943 година.Застанати над овој амбис на злото, веруваме и ветуваме дека нема да дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи“, вели Сиљановска.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys17ksvkf77ccd3lJJXY

Сиљановска: Овој 8 март непосредно по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како ден на жената

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената.Долго се думав, дали има смисла да зборувам, по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траурна атмосфера по смртта на Ивана и Катја, Сизифовски напори да потсетувам на женската историска борба за еднаквост за цивилизациски стандарди, за конвенции, за резолуции, за закони за превенција и заштита од семејно насилство, па дури и за измени на кривичниот законик. Зошто? Правниот илузионизам, дека нормата ги решава напластените и хронични проблеми, со длабоки корени во патријархалната и парохијалната култура, не култура, јас велам, жилавата традиција, маскулинизираната политика, жедна за супериорност и победа, што изродува војни, чии најчести жртви се невините жени и деца.Тешко е секој 8 март да броиме нови жртви, да презентираме апдејтирани статистики, да дебатираме за политики, да усвојуваме стратегии посочувајќи ги речиси истите проблеми, презентирајќи брутални податоци, предлагајќи претходно предложени предлози, но непревземени мерки и активности.И овој 8 март непосредно по несватливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како ден на жената. Симболиката на празникот како да се губи во мракот на суровата непојмлива и неприфатлива реалност.Пред сите нас е фундаменталното прашање: а особено за мене, дали навистина животот е неприкосновен, како што гарантира членот 10 од Уставот, дали ова важи за Рамајана, за Росица, за Ивана и за малата Каја, прашувам, шокира фактот дека во 2025 имало 4.745 пријави за семејно насилство и 6 случаи на убиство, а за 2 месеци во 2026 веќе 4 случаи на фемицид. Овие алармантни бројки се слика на општество во коешто е загрозено основното човеково право, правото на живот. Не цитирам статистика, туку нотирам пораст на институционалната превенција и на навремената, односно ненавремената акција. Да потсетам, зад бројките се кријат животни приказни, семејни трагедии, неостварени соништа, и животи.Мислам дека клучен момент е оној на пријавувањето, ако жената се соочи со човек кој ѝ влева разбирање, поддршка, сигурност и надеж, таа ќе се охрабри да се избори за себе, ама ако биде пречекана од профил за кој навредувањето и тепањето се дел од животот, од заедничкиот живот, ќе се посомнева во ефектите од превземениот чекор и, за жал, ќе трпи.“, изјави претседателката.

Македонија | пред 1 месец

siljanovska-davkova-2-1

Претседателката Сиљановска за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно.На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

siljanovska-davkova-1-1

Од 1,8 на 1,2 милиони до 2070: Сиљановска-Давкова предупредува на демографски колапс

1,8 милиони денес, 1,2 милиони во 2070 година – загуба од 33 отсто од населението. Со овие алармантни бројки претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, каде што беше главен говорник на сесија посветена на демографските промени.Таа посочи дека Македонија, заедно со поширокиот регион, се соочува со троен демографски притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и забрзано стареење на населението. Според проекциите што ги презентираше, доколку трендовите продолжат, земјата во следните децении би можела да изгуби речиси една третина од сегашното население.Оваа демографска тријада, нагласи Сиљановска-Давкова, директно го намалува бројот на работоспособни граѓани и истовремено го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Таквиот притисок, како што истакна, е особено тежок за мала и отворена економија каква што е македонската.Претседателката повика на длабоки институционални реформи, со посебен акцент на судството и јавната администрација, како и на забрзана дигитализација на јавните услуги, кои треба да ја зголемат ефикасноста и довербата во институциите.Во своето обраќање таа ја потенцираше и улогата на младите, нагласувајќи дека тие мора да ја добијат заслужената позиција како двигатели на дигиталната и економската трансформација, но и како активни учесници во креирањето на јавните политики.Особено место во говорот ѝ беше дадено и на дијаспората, која, според Сиљановска-Давкова, претставува значаен мотор на интелект, иновации и инвестиции и треба системски да биде вклучена во развојните процеси на државата.На крајот, таа повика на изградба на демографски отпорно општество – општество во кое луѓето ќе имаат причини да останат, да живеат и да формираат семејства, нагласувајќи дека демографијата не е само статистика, туку прашање на иднината на државата.

Македонија | пред 2 месеци

siljanovska-davkova-1-1

Да го разбудиме божественото во себе: претседателката Сиљановска-Давкова со честитка по повод Богојавление – Водици

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод, монаштвото, свештенството и до сите православни верници.Во честитката, претседателката истакнува дека празникот Богојавление е симбол на духовно прочистување, надеж и обновување, со желба тој да донесе радост во срцата, светлина во душите и мир во умот на сите граѓани.Таа нагласува дека осветувањето на македонските води претставува можност за надминување на малодушноста и летаргијата и повик за поголема грижа за ближните и за заедницата, преку добродетелство, солидарност и емпатија.„Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа“, порачува Сиљановска-Давкова.Во честитката се посочува и дека светот се соочува со длабока криза и сериозни искушенија, поради што промената мора да започне од поединецот. Според претседателката, само морални и мудри личности можат да создадат силни заедници, чиј напредок и благосостојба нема да се темелат на туѓа болка и страдање.Таа повикува на сплотеност, меѓусебно почитување и споделување на материјалните и духовните богатства, со цел заеднички да се придонесе за достоинствена сегашност и благословена, просперитетна иднина.Честитката завршува со традиционалниот поздрав: „Бог се јави!“

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt3bsdf28a096cYkbBon

Сиљановска-Давкова со честитка за Свети Климент: Да ги обновиме вредностите што ја одржуваат заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.Во честитката се истакнува дека споменот за Свети Климент е длабоко врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Неговото име, како што посочува претседателката, денес го носат бројни образовни, научни и културни установи, а ликот му ги краси православните храмови ширум земјата.Најголемото наследство на Свети Климент, се вели во честитката, се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите и себеси, како и одговорноста што ја имаат не само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта преминале од политичка периферија во значаен образовен и духовен центар, со Охрид како престолнина на просветителската мисла.Сиљановска-Давкова потсетува дека Охридската книжевна школа и духовното творештво оставиле траен белег врз европската цивилизација, надживувајќи империи и системи поради својата непрекинлива вредност и човечка универзалност.Празникот, додава таа, е можност да се преиспита колку од вредностите на Свети Климент – милост, смирение, взаемна помош и разбирање – се препознаваат во современиот живот. Пред македонското општество, како што наведува, стои голема задача: повторно да се изградат доблестите што ја одржуваат заедницата и да се создаде заедничка цел што ќе ги надмине поделбите.Во честитката се подвлекува потребата од владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа како темели за обновување на општествениот договор меѓу слободни и еднакви граѓани.„Нека пораката на Свети Климент за смирение, милост, знаење и заедништво биде инспирација да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење“, порача претседателката.

Македонија | пред 4 месеци

siljanovska-filipce

Претседателката го советува СДСМ да излезе од кризата, тоа било здраво за демократијата

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го советува опозицискиот СДСМ што поскоро да излезе од кризата.Иако вели дека не коментира внатрепартиски прашања, сепак вели важно било СДСМ да ги надмине проблемите и повторно да стане силна опозиција бидејќи тоа било здраво за демократијата и за државата.„СДСМ има статут, има пограма и други акти и внатрепартиски структури, постојат демократски начини на решавање на проблемите и мислам дека тоа е добро, прво за нив, но и за сите нас, бидејки без силна опозиција не може да има демократија, да има парламент што ќе носи добри одлуки бидејќи тие се коректорот на власта. Посакувам час поскоро со помош на членството да ги надминат проблемите. Со вакви проблеми, многу партии се соочувале не само кај нас, туку и надвор. Мојата порака е дека оваа партија има долга историја, меморија, имала големи победи и успеси, и како и другите партии имала и кризи. Се надевам дека од кризата ќе излезат со нови решенија и ќе станат повторно активен фактор и актер на македонската демократија“, изјави Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 4 месеци

siljanovska-t324

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, каде што во рамки на свеченото отворање се одржа и Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети дека фестивалот започнал во 1961 година, по повод стогодишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци, и оцени дека Струга прераснала во „поетска република“ која обединува творци од целиот свет.„Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста и слободољубивоста. Струга е место што ги спојува поетите без разлика на политичките или идеолошките поделби“, рече претседателката.Таа предупреди на предизвиците од дигиталната зависност, сензационализмот и брзиот развој на технологијата, нагласувајќи дека и покрај вештачката интелигенција, „само поетите се господари на чувствата и волшебници на зборот“.Сиљановска-Давкова потсети на судбината на забранети книги, меѓу кои и АБЕЦЕДАРОТ, и истакна дека „живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста“.Таа го поздрави враќањето на традиционалните белези на фестивалот – читањата кај Св. Климент во Охрид, поетското пловење до Св. Наум и матинето во дворот на „Св. Богородица Перивлепта“, и ги прогласи овогодинешните Струшки вечери за отворени.„Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 8 месеци

500149416_1257246975776933_3755764212407591834_n

Македонска порака до Ватикан преку претседателката: Време е за реформи во ОН

„Имав чест и привилегија во Ватикан да остварам четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV“, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа додава:„Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот.Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања