Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими учесниците на регионалната конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, предводени од Елизабет Корнфајнд. Таа истакна дека посетата е доказ за активна дипломатија важна за европската перспектива на регионот. Сиљановска-Давкова нагласи дека Австрија е значаен инвеститор и силен поддржувач на проширувањето на ЕУ и македонските евроинтеграции, кои треба да се темелат на Копенхашките критериуми и заслуги, без билатерални блокади. Австриските амбасадори ја поддржаа македонската ЕУ-перспектива, потенцираа регионална соработка и оценија дека проширувањето е безбедносен императив, со акцент на владеење на правото и меритократија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер.

 Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија.

— реклама —

 Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот.

 Таа потенцираше дека Австрија е не само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес.

— реклама —

 Претседателката го реафирмираше ставот дека интеграциите мора да се базираат исклучиво на Копенхашките критериуми и на заслугите и дека билатералните прашања не треба да бидат инструмент за блокада на овој процес.

 Сите австриски амбасадори отворено го поддржаа македонскиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција. Тие го делат ставот на Претседателката дека регионалната соработка и пристап се клучни за европските интеграции.

 Воедно, се согласија дека во актуелниот геополитички контекст, проширувањето на ЕУ претставува безбедносен императив. Повикаа на почитување на владеење на правото, меѓународните договори и меритократијата.

 Соговорниците изразија подготвеност за натамошно продлабочување на македонско-австриските односи и за заедничка европска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryais0r1gakmfh1Urp8NE

(Видео) Претседателката повторно вирална: ја снема, па „исплива“ пред камeрите на медиумите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybo8ji1v8vj2eaza2IFA

Сиљановска се сретна со казахстанскиот министер Арман Шакалиев – во фокус е трговијата и енергетиката

Македонија | пред 2 дена

media-librarync81kak73c6e8TX7JHn

Сиљановска: Оваа иницијатива има цел да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации

Македонија | пред 2 дена

siljanovska-davkova-2

Сиљановска: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања