Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сиљановска со честитка: Велигден да нè потсети на љубовта, солидарноста и надежта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
siljanovska-davkova-2

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед.

„На сите верници кои го прославуваат Христовото воскресение според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Најискрено, посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост, љубов и среќа.

Речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа.

Во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верувам дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.

Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот.

Очекувам Велигден да го разбуди Божјото во сите нас, да нè потсети дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината и да ни помогне да исчекориме напред, по Божјиот пат!

Христос воскресна!“, напиша Сиљановска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryais0r1gakmfh1Urp8NE

(Видео) Претседателката повторно вирална: ја снема, па „исплива“ пред камeрите на медиумите

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybo8ji1v8vj2eaza2IFA

Сиљановска се сретна со казахстанскиот министер Арман Шакалиев – во фокус е трговијата и енергетиката

Македонија | пред 2 дена

media-librarync81kak73c6e8TX7JHn

Сиљановска: Оваа иницијатива има цел да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации

Македонија | пред 2 дена

siljanovska-davkova-2

Сиљановска: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања