Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЕЛИГДЕН

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48 дена – од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница, затоа што по првите 40 дена следува последната седмица пред Велигден, позната како Страдална или Страстна седмица, која е посветена на споменот на предавството, страдањата, распнувањето и погребението на Господ Исус Христос.Постот претставува време на соединување со Бога преку причестување, заедничарење и благодарење, односно преку светата Евхаристија. Неговата смисла е духовно очистување и подготовка за најголемиот христијански празник. Верата во воскресението е темел на христијанството, а Велигденскиот пост е пат кон тоа духовно искуство.Историски, постот имал две цели: крстените верници да се подготват за Велигден, а оние што требало да бидат крстени на Велигден – во текот на постот да бидат поучувани во верата и огласени за крштение.Во однос на начинот на постење, вообичаено се пости на вода, освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите. Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.Црквата предвидува и можност за ублажување на постот за болни, немоќни, деца до седумгодишна возраст, лица во поодмината старост, бремени жени, доилки, патници и лица во специфични животни околности. За такво олеснување се бара благослов од свештенослужител, при што никогаш не се дозволува консумирање месо.Но, постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.Затоа, во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.Целта е доброто да стане навика и начин на живот. Велигденскиот пост не е само подготовка за празникот, туку можност за духовно зајакнување и преобразување, за да се дочека Воскресението Христово со чисто срце и обновена вера.

Македонија | пред 1 месец

zena-papa

Ватикан слави велигденска миса

Градот Ватикан денеска ќе го одбележи Велигден, најзначајниот момент на христијанскиот календар, со голема миса во црквата Свети Петар во Рим. Поради здравствените проблеми на папата Франциско, кој се опоравува од билатералната пневмонија, мисата се очекува да ја предводи високиот италијански кардинал Анџело Комастри, кој беше протоереј на базиликата Свети Петар од 2006 до 2021 година и генерален викар за Ватикан.Останува неизвесно дали Франциско ќе може да го даде традиционалниот благослов Urbi et Orbi (На градот и светот) на десетици илјади верници во Свети Петар и на камерите од целиот свет. 88-годишникот ја напуштил болницата Гемели во Рим пред четири недели, откако таму поминал повеќе од еден месец. Сепак, според препораките на лекарите, тој сè уште треба да мирува по опасна по живот болест.За време на неговите ретки јавни настапи откако ја напушти болницата, Папата понекогаш се појавуваше многу слаб. Говорот исто така претставува тешкотија за водачот на повеќе од 1,4 милијарди католици во светот. Во саботата вечерта Франциско се појави во инвалидска количка во базиликата Свети Петар.За Велигден во Рим се очекуваат милион посетителиСпоред христијанската традиција, Велигден го одбележува споменот на распнувањето и воскресението на Исус Христос. Годинава комеморацијата има уште поголемо значење бидејќи Католичката црква ја прогласи 2025 година за јубилеј. Папата Франциско првично имаше намера да биде присутен на овие важни настани.Само овој викенд Рим има околу еден милион посетители, вклучително и верници од целиот свет. Меѓу нив е и американскиот потпретседател Џ.Д.Венс. Заменикот на Доналд Трамп, кој премина во католичка вера во 2019 година, планира да присуствува на Велигденската миса со своето семејство.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-20-at-09.02.21

Христос воскресе: Православните верници го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе.Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-18-at-10.14.00

(Видео) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Гужви и долги колони има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, а започнаа уште од утрово. Бидејќи понеделник е неработен ден, голем дел од граѓаните решија најголемиот христијански празник Велигден да го прослават кај јужниот сосед.„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известува АМСМ.Но, во пракса, чекањето на ГП Богородица е и до 40 минути.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Јајца за Велигден ќе има

ЖГрупацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца за Велигденските празници.„Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето, да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-12.10.20

Дали знаевте дека православниот Велигден се слави и во овие земји: Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет.Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден.И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус - тоа е најважниот празник во христијанскиот календар.Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота.Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела.Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден.Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година.Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар.Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. - годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата.Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна.Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година.Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха - како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт.Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок.Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение.По постот, традициите често се вртат околу храната.Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб.Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела.Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо.Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта.Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-10.59.24

Желби за солидарност, сплотување, заедништво: пораки од политичарите за Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.„Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден со пораката: Христос Воскресна Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата. А тоа ќе го правиме со секој чин на солидарност кон ранливите и грижа за природата, со заложбите за слобода, правда и мир, со борбата за социјална правда и за достоинствен живот на нашите сограѓани. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен, стои во честитката.Во име на Владата на Македонија и во мое име, Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот, се вели во честитката на Талат Џафери, претседателот на Владата на Македонија.„Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит. Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.Честитка и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници. Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет. Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!“, вели Мицкоски.Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.„Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина“, вели Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

veligdenski-jajca

Колку можат да стојат јајцата по Велигден?

Експертите предупредуваат дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите – основното правило е дека по готвењето јајцата треба да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата.Колку долго после Велигден имате јајца на трпезата и ви служат како главен украс? Тешко е да се процени колку јајца треба да зготвите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба.Имено, експертите предупредуваат дека варените јајца имаат значително пократок рок на траење од свежите. Основното правило е јајцата по варењето да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата, како што често се практикува кај нас.Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.Како резултат на тоа, се јавува труење . За време на процесот на готвење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.Секоја година по Велигден , во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење со желудник“. Симптомите може да варираат – од благи непријатности, надуеност, промени во варењето до сериозно гадење, повраќање и дијареа.Значи, ако ги чувате јајцата на собна температура – јадете ги исто или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Православните верници го слават Велигден- Христос воскресе! Вистина воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе. Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Македонија | пред 1 година

crkva-1024x683

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕČak i najteže proširene vene nestat će za 7 dana!Sponsored by MonadPlugВелигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.Зошто во недела?Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?Зошто на полноќ веднаш, а не дента?Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.Велигденските таблици Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.* * *Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.* * *Христос воскресе! – Вистина воскресе!(За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Ноќта пред Велигден треба да испочитувате една традиција во вашиот дом

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција.Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.Младите жени кои се уште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања.Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна!Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

Магазин | пред 1 година

474602_519517768105832_72379806_o

Најубавиот украс на велигденската трпеза: Овие три цвеќиња штитат од болести, носат среќа, успех и љубов во домот

Иако јајцата се најголемиот симбол на Велигден, а свеќите имаат многу важна улога, цветовите имаат многу важно место во празнувањето на Велигден, еден од најрадосните христијански празници.Давањето јајца симболизира нов живот, додека цвеќињата имаат посебно значење. Меѓутоа, во недела, според едно старо верување, важно е на масата да имате една од следните три или букет направен од нив.Момина солзаМомината солза го симболизира враќањето на среќата и чистотата на срцето. Според традицијата, се верува дека солзите на Богородица пред крстот на Исус Христос се претвориле во цвет од момина солза. Од друга страна, една легенда исто така вели дека цветот бил создаден од солзите на Ева кога таа морала да ја напушти рајската градина.Во старите времиња, момчињата и девојчињата береле момина солза, бидејќи верувале дека носи среќа во љубовта. Исто така, овие опојни цвеќиња беа подарени на празникот на младото сонце, во месец мај. Оттогаш, потекнува и фразата дека младоста брои години по момината солза, а староста по зимите.ЈоргованЈоргованот комбинира кралско, достоинствено однесување, страстен, речиси опоен мирис и сепак успева да ја задржи својата вродена нежност и невиност. Тоа е важен симбол на милосрдие и безусловна љубов. Овој прекрасен цвет е директно поврзан со надежта, верата, плодноста и раѓањето и често се нарекува „рајски цвет“.ЛалеЛалето отсекогаш се сметало за симбол на убавина, раскош и богатство, слава. На прв поглед, лесно е да се поврзе овој цвет со изобилство, гордост и амбиција, а бидејќи е и растение кое ја најавува пролетта – во него ја гледаме и сликата на секој нов почеток. Доколку го изберете да ја украси вашата празнична велигденска трпеза, ќе имате силен знак на успех.

Магазин | пред 1 година

veligdenski-jajca

Колку долго можете да ги чувате јајцата на трпезата по Велигден?

Во зависност од тоа дали се на собна температура или во фрижидер, имаат различен рок на траење.Иако духот на празникот сè уште не нè напуштил и на трпезата убаво изгледаат декорираните, украсени велигденски јајца, треба да знаете дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите. И затоа не треба долго да се чуваат како украс на масата, предупредуваат експертите.Основното правило е дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер по варењето, а не во корпа на масата, како што се практикува кај нас.Колку долго после Велигден се оставаат јајцата на трпезата и служат како главен украс?Тешко е да се процени колку јајца треба да сварите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба. Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.Како резултат на тоа, се јавува труење. За време на процесот на варење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.Тоа го поткрепува и фактот што секоја година по Велигден во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење на желудникот“. Симптомите може да варираат – од блага непријатност, надуеност, промени во варењето, до тешка мачнина, повраќање и дијареа.Ако ги чувате јајцата на собна температура – јадете ги истиот ден или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.

Магазин | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-44-3780PM

Денеска е Велики петок, најтежок ден во годината, камбаните не бијат и најстрого се пости

Денеска е Велики петок, најтажниот и најтежок ден во годината.Обележан е со страдањето на Исус Христос, неговото распнување и смртта за спасение на светот.Во црквите има богослужба, но камбаните не бијат.Постот во тој ден е најстрог, дури не се ни јаде додека не се соблече, а тоа е дефинитивно воден пост. Следствено, алкохолот не се пие, а меѓу народот е воспоставено мислење дека не пијат црвено вино или нешто со слична боја, што го симболизира пролевањето на невината Христова крв.

Магазин | пред 1 година

post

Велигденскиот пост – Народот вели: Кој пости, душата ја гости

По Прочка која беше вчера, денеска почнуваат Велигденските пости.Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Траат од Чистиот понеделник до Лазарова Сабота. На крајот од Велигденскиот пост, се надоврзува постот на Страстната седмица, така што овој пост трае вкупно 48 дена.Велигденскиот пост кој започна денеска се вика Голем поради својата важност, но и времетраење. Тој се состои од Светата четиридесетница и Страстната седмина.Четиридесетницата завршува во петок, 6-та недела од постот кога доаѓа постот од Страстната седмица кој е посветен на страдањата и смртта на Исус Христос.Првата недела од Големиот пост се нарекува Чиста, зошто се верува дека тогаш во молитвите се слуша душата која се чисти. Со тие молитви ние се одрекуваме од гревовите и доаѓаме до спасение и вечен живот.Храната во постот е доминантно од растително потекло. Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло. Сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на оние во длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл. Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од свештеникот.Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-16-at-14.34.17

(Видео) Бигорски: На сите нека им е благословен почетокот на Великиот пост, едни со други да се помириме и да си простиме

Светата Православна Црква уште од самиот почеток на изминатава седмица, која уште се нарекува „предворје на покајанието“, „претпразненство на воздржанието“, „предочистителна седмица на св. пост“, итн. низ богослуженијата повикуваше на срдечно покајание, кое носи прошка на гревовите, со што би ни се отвориле дверите на вистинскиот пост. А, како се отвараат дверите на покајанието и на вистинскиот пост, особено се забележува во евангелската содржина од сирната недела: „Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен; а ако не им ги простите гревовите на луѓето, ни вашиот Отец нема да ви ги прости вашите….“ (Матеј, 6, 14 – 21).Tипик на вечерната богослужба за Прочка, за 2024 година:„Бигорското светилиште, кое отсекогаш го негува богослужбениот ред, ја практикува оваа служба во целост. Така, и оваа година ги повикуваме верниците да земат учество во споменатава богослужба, која ќе започне недела, 17.03.2024 (недела) со почеток во 17:00 часот. Службата завршува со Великопосната молитва на св. Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите.Затоа светите отци за овој последен ден пред постот предвиделе специфична богослужба, давајќи на верните можност да си побараат прошка едни на други и така да направат добар почеток на светиот Пост. Во духот на оваа, првично монашка традиција, таа неделна вечерна богослужба во Бигорскиот манастир е вистинско доживување за сите присутни, кои во голем број се собираат овде за со искрено покајание и измирување со другите, достојно да се подготват за посниот подвиг. А глетката во храмот навистина го стоплува срцето и побудува на покајание. Очите се полнат со солзи, додека наоколу се разлеваат трогателните и отрезнувачки вечерни стихири, а покајното расположение достигнува врв со посебните коленопреклони молитви, што игуменот на свештениот манастир, епископот Партениј, со особено умиление ги чита пред сите присутни, измолувајќи од Бога прошка и благослов за претстојниот свет пост.На сите нека им е благословен почетокот на Великиот пост, едни со други да се помириме и да си простиме. Исповед кај Старецот и другите духовници од манастирот ќе има преку сите викенди и обични денови за постот, со исклучок за време на Тримирот“ се вели во соопштението на Бигорскиот манастир.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-04-24-at-00.58.29

(ВИДЕО) Во полн сјај блесна црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, илјадници верници го дочекаа Велигден

Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Илјадници верници ги посетија црквите и манастирите во Скопје. Во полн сјај блесна и црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.Велигден е најголемиот христијански празник, Празник на победатата над смртта. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Веста за христовото воскресение вечерва на полноќ ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивека, а почнува на Велики Четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението.

Скопје | пред 3 години

0-02-05-f5a2ab0cdde424505eb5f428bb4fa9dc8e3c27b375375481fe84bc5333fc28cf_26e03db5372

(ФОТО) Блесна Плаошник во Охрид, се слави Христовото воскресение

Илјадници верници веста за Христовото воскресение синоќа на полноќ ја дочекаа во Светиклиментовиот храм на Плаошник.Покрај охриѓани имаше голем број домашни и странски гости. Сплотени со свеќи во рака и желби за подобро утре го прославија најголемиот христијански празник.Инаку преполни со верници беа и сите градски цркви.За продолжениот празничен викенд во древниот Охрид има голем број на гости од земјава и соседството.Најголемиот православен празник, Велигден, кој ја слави победата на животот над смртта, од годинава продолжи да се чествува како што беше пред пандемијата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-23-at-11.06.23

Космички јајца за Велигден – оваа шара може да ја добиете од само еден чај

осмички јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното фарбање на јајцата со чај од хибискус.Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.Постојат различни начини за бојадисување на јајцата на природен начин.На пример, виолетова боја се добива со готвење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја.Важно е да се користат бели јајца на природен начин на бојадисување, со цел бојата подобро да се прими.За да обоите јајца со хибискус, потребни ви се:10 бели јајца80 гр чај од хибискус1 лажица сол800 ml вода (400 ml во секој сад)маслоцрвена гел боја на јајце (опционално)Подготовка:Во тенџере ставете јајца и сол, па на класичен начин сварете ги јајцата. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 гр, а потоа истурете 400 мл вода и 50 мл алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца.Оставете ги јајцата да отстојат во боја најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермер.Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја.Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, а потоа истурете неколку капки на ракавицата, а потоа истријте ја бојата на јајцето.Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „космички“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло да блеснат.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-04-23-at-11.07.44

Во пресрет на Велигден: Еве како со сигурност да победите во кршењето со јајца

Велигден е најголем христијански празник на кој најмногу се радуваат децата кога треба да се кршат со јајца.За да бидете убедено дека вашето јајце ќе победи придржувајте се на следните правила:1.Одберете го јајцето кое има најшпицест изглед2.Избегнувајте ги јајцата со сјајна лушпа, бирајте ги оние со мат боја.3.Јајцата кои се малку постари се посилни од свежо снесените4.При варење прво јајцето ставете го во сад а потоа прелијте со ладна вода и варете ги.5. Во варење додадете сол, затворете со капак и оставете да се варат.6. Кога ќе го тргнете тенџерето од офан оставете ги јајцата уште 20 минути да постојат во водата.7. Кога ќе се оладат јајцата ставете ги во фрижидер за да се стегне белката.8.За време на кршење со јајца, доближете ги прстите што е можно повеќе кон врвот на јајцео.9. Не треба да се удира силно, полека, бидејќи така го штитите и своето јајце од кршење.

Магазин | пред 3 години

Badnik-Stefan

Г.г. Стефан со послание кое ќе се памети: Војните, болестите, сиромаштијата, гладот, негрижата за беспомошните не запираат и покрај сите насобрани знаења. А зошто е така?

Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мртвите2.Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот3, искусувајќи дури и страдание и смрт – го изврши она што никој пред Него и освен Него не можеше да го направи: го избави човештвото од ропството на гревот и смртта, и овозможи секој што верува во Него да воскресне4! Како што Неговата смрт ја победи смртта на сите, така и Неговото воскресение е воскресение за сиот човечки род! Па, Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син5, та преку Него сите да имаат живот вечен6.Воскреснатиот Господ е единственото Ново под сонцето7! Тој е Новата Пасха8, преку која човештвото преминува „од смртта кон животот, од земјата кон небото“9 и од временото кон вечното. Тој е лебот и лозата на животот10 коишто им се даваат на оние што со Неговото име се именуваат, на оние на кои никогаш не им престанува радоста од Воскресението. За нив, со сепобедното Христово воскресение, на третиот ден по страдањето, се потврдило дека вистината, правдата и науката за љубовта, коишто Бог му ги објави на светот, не беа уништени на Голгота, туку останаа како богодарувано сведоштво и спасоносно мерило за навек. Впрочем, со Христовото воскресение, воскресна Божјата вистина, се потврди Божјата правда и се покажа Божјата љубов!Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,Повеќе од еден милениум нашиот православен македонски народ живее со верата во воскреснатиот Господ, најнапред проповедана од светиот апостол Павле11, а потоа утврдена од охридскиот чудотворец – свети Климент. Двајцата, и со зборови и со дела, го посведочиле боже­ствениот и блажен Живот што се излива од Христовиот гроб и им се дава на сите народи, просветлувајќи ги како незаодно Сонце на правдата, и помагајќи и ние, како народ, да ги согледаме светот и историјата на сосема поинаков начин.Нашите богољубиви предци, живеејќи по евангелските пораки и следејќи ги богоугодните примери, узнале дека Царството Божјо не е од овој свет и дека тоа се стекнува преку верата во воскресението и со добродетелен живот. Уште во првите христијански времиња многумина од нашиот род ги познале вечните и незаменливи евангелски вредности, и таа вера во сепобедното воскресение, во текот на вековите, мнозина ја посведочиле и со сопствената крв, силно верувајќи во Оној што има власт на небото и на земјата12, и преку Кого  „од смртни ‒ постанавме бесмртни“13.Возљубени чеда во Господа,Епохата во која живееме често се претставува како нова, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови. Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението. Евангелските вредности и Светиклиментовото наследство, втемелено врз нив, имаат непроменливо и универзално значење, не поради нивната древност сама по себе, туку затоа што ни даваат предвкус за идниот век, приведувајќи нè кон заедницата со воскреснатиот и прославениот Син Божји, Кој ја обнови човечката природа и ја избави од распадливоста и од смртта.Исто така, сведоци сме дека, и покрај сите обиди на светот да се обнови самиот себеси, со посредство на технолошките откритија и човечките мудрувања, тој успева само да направи привид на новото, но не и да воведе некоја суштинска промена. Страстите и слабостите им се неразделни сопатници на сите Адамови потомци при нивното патешествие низ историјата. Војните, болестите, сиромаштијата, гладот, негрижата за беспомошните не запираат и покрај сите насобрани знаења и достигнувања на нашето време. А зошто е така? Така е зашто човештвото, и покрај сиот развој и напредок, останува исто и непроменето уште од денот кога прародителите беа истерани од рајската градина14! Затоа патот кон обновувањето на нашата падната човечка природа започнува со покајанието, проследено со постојано богољубие и човекољубие. А вистинската промена, кон која човештвото копнее, е преумувањето на личноста, преку кое повторно се востановува Христовиот образ во нас.Предизвиците, пак, со кои се соочува нашето поколение, потврдуваат дека ваквата преобразба ни е пот­ребна како никогаш досега. Создаваме и живееме време преполно со искушенија, време во кое очигледно е отфрлен разумот и, пред сè, заборавен е законот Божји15. Всушност, како да не сфативме дека само доколку ја поз­наеме и живееме со вистината ‒ вистината ќе нè ослободи16,  дека само со покајание и со прифаќање на Божјата волја, ќе го најдеме патот што води кон личното и кон сенародното учество во тајната на Христовото воскресение. А тоа е патот на смирението и долготрпението, на крстоносењето и на грижата за ближните на кои им е потребна нашата помош, на делата на добродетелта кои сведочат за преобразителната сила на нашата вера, надеж и љубов. Впрочем, повикани сме да се чуваме од зло, да правиме добро, да градиме и да го чуваме мирот17!Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,Со неизмерна тага ги следиме известувањата за братоубиствената војна која изминативе недели се води по украинската православна земја. На човекољубивиот Бог Му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет. Пастирски ги повикуваме сите верни да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев, потсетувајќи дека нашата најголема борба е против поднебесните духови на злобата18. Љубовта е единствениот лек против злото, а тоа ќе го покажеме доколку со непоколеблива вера, како апостолите и сите богољупци и христољупци во изминативе 20 столетија, ја споделуваме радоста од празниот Христов гроб. Затоа, да застанеме во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе и на сите што се засегнати од оваа голема несреќа. Да се молиме Бог да им го даде дарот на покајанието и прошката, врз кои се крепи мостот што води кон помирувањето, да си простат и да направат сè заради воскресението.Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да Го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во Татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста.Единствениот и вистински Миротворец и Човекољубец, воскреснатиот Господ Исус Христос, да го утврди во нас Својот мир, нека нè упати по патот на покајанието и на добродетелниот живот и нека нè удостои со жителство во вечниот и небесен град ‒ Новиот Ерусалим, таму каде што Тој ќе биде во сите денови, до крајот на светот19. Амин!Христос  воскресе!

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања