Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Христовото распнување како симбол на верата: што значи Велики петок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Магазин
media-libraryfvd2k9rkdim72w95dLz

Велики петок е најтажниот ден во христијанството, посветен на распнувањето на Исус Христос. Евангелијата сведочат дека бил погубен на крст во петок, откако бил предаден, а крстот станал централен симбол на верата. Денот ја нагласува жртвата и помирувањето со преземање на гревовите, но и надежта во Воскресението. Во традициите се одбележува со тишина, пост и богослужби; во православието се изнесува плаштеницата. Годинава папата Лав XIV ќе го носи крстот во Колосеумот. Современите анализи ја лоцираат одговорноста за погубувањето кај римската власт на Понтиј Пилат, не кај еврејскиот народ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Велики петок, денот на Христовото распнување, се смета за најтежок и најтажен ден во христијанството, симбол на страдањето, жртвата и тишината што му претходи на Воскресението, кое верниците го слават на Велигден.

Сите четири евангелија сведочат дека Исус Христос бил погубен на крст во петок, откако бил предаден од свој ученик, а според новозаветните записи, самиот го носел крстот до местото на погубување надвор од градските ѕидини, со круна од трње ставена на главата. Токму овој чин го претвора крстот во централен симбол на христијанската вера.

— реклама —

За верниците, смислата на овој ден не е само во страдањето, туку и во надежта дека преку Воскресението на Христос, болката, насилството и смртта се надминати.

„Со воскресението на Исус третиот ден по смртта, верниците веруваат дека насилството, болката и смртта се еднаш засекогаш победени, а животот триумфира над смртта“, се наведува во теолошките толкувања.

— реклама —

Смртта на Исус Христос се толкува и како жртва за помирување, со која, според христијанското учење, тој ги презел гревовите на човештвото.

Во различните христијански традиции, Велики петок има различен акцент, но за сите претставува вовед во најголемиот празник – Велигден. Во одредени земји, како Германија, овој ден се одбележува во тишина, без јавни прослави.

Годинава, одбележувањето на Велики петок има и дополнителна симболика во Католичката црква, бидејќи папата Лав XIV лично ќе го носи крстот на Крстниот пат во Колосеумот.

„Во молитва ја носам целата таа болка и сакам да ги повикам луѓето со добра волја заедно да го изодиме тој пат и да бараме како и самите можеме да бидеме носители на мирот“, изјави папата Лав XIV.

Во православната традиција, Велики петок се одбележува со строг пост, молитва и богослужби во кои се читаат делови од евангелијата што го опишуваат страдањето на Христос. Во храмовите се изнесува плаштеницата, симбол на положувањето на телото Христово, пред која верниците се поклонуваат до денот на Воскресението.

Овој ден се минува во тишина, без работа и без веселби, а камбаните молчат сè до недела, кога ќе го најават најрадосниот христијански празник – Велигден.

Историски гледано, толкувањето на настаните поврзани со распнувањето било предмет на различни интерпретации, но современите црковни и историски анализи укажуваат дека одговорноста за погубувањето лежи кај римската власт, предводена од намесникот Понтиј Пилат, а не кај еврејскиот народ.

Велики петок останува ден на длабока духовна порака – преку страдањето да се стигне до надежта, а преку жртвата до животот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp3h0ceat54uk06Qod26

(Видео) Илјадници верници пред Соборниот храм за Велигден

Скопје | пред 1 седмица

media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Три пролетни цветови што, според обичаите, се внесуваат дома за Велигден: лале, крин и ѓурѓевак

Магазин | пред 1 седмица

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Велигденска порака од Сиљановска-Давкова: Светлината да надвладее над темнината

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања