Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Од понеделник по Прочка започнува Велигденскиот пост – седум недели (48 дена), наречен Четириесетница бидејќи по 40 дена следува Страстната седмица. Тој е време на духовно очистување и подготовка преку Евхаристија, молитва и покајание. Постењето најчесто е на вода, со масло и вино во сабота/недела и на одредени празници; риба се дозволува на Благовештение и Цветници, икра на Лазарева сабота. Можно е олеснување со благослов за немоќни и др., но без месо. Суштината не е само храна, туку откажување од грев, лоши мисли и дела, повеќе љубов, милосрдие и духовна будност, за Велигден да се дочека со чисто срце.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.

Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48 дена – од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница, затоа што по првите 40 дена следува последната седмица пред Велигден, позната како Страдална или Страстна седмица, која е посветена на споменот на предавството, страдањата, распнувањето и погребението на Господ Исус Христос.

— реклама —

Постот претставува време на соединување со Бога преку причестување, заедничарење и благодарење, односно преку светата Евхаристија. Неговата смисла е духовно очистување и подготовка за најголемиот христијански празник. Верата во воскресението е темел на христијанството, а Велигденскиот пост е пат кон тоа духовно искуство.

Историски, постот имал две цели: крстените верници да се подготват за Велигден, а оние што требало да бидат крстени на Велигден – во текот на постот да бидат поучувани во верата и огласени за крштение.

— реклама —

Во однос на начинот на постење, вообичаено се пости на вода, освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.

Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите. Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.

Црквата предвидува и можност за ублажување на постот за болни, немоќни, деца до седумгодишна возраст, лица во поодмината старост, бремени жени, доилки, патници и лица во специфични животни околности. За такво олеснување се бара благослов од свештенослужител, при што никогаш не се дозволува консумирање месо.

Но, постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.

Затоа, во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.

Целта е доброто да стане навика и начин на живот. Велигденскиот пост не е само подготовка за празникот, туку можност за духовно зајакнување и преобразување, за да се дочека Воскресението Христово со чисто срце и обновена вера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp3h0ceat54uk06Qod26

(Видео) Илјадници верници пред Соборниот храм за Велигден

Скопје | пред 1 седмица

media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Три пролетни цветови што, според обичаите, се внесуваат дома за Велигден: лале, крин и ѓурѓевак

Магазин | пред 1 седмица

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Велигденска порака од Сиљановска-Давкова: Светлината да надвладее над темнината

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања