Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-libraryktpvufdvpuc04X7d5nH

Миле Лефков (ВМРО-ДПМНЕ) во „За или против“ на Алфа порача дека треба да се укине т.н. пржинска/техничка влада, бидејќи е продукт на политички договори и ја нарушува демократијата. Според него, власта мора да произлегува од волјата на граѓаните преку Собранието, а не од политички пазари. Тој информираше дека предлог-измените на Законот за влада се доставени во Собрание и ја критикуваше опозицијата (СДС) за лицемерно противење. Лефков смета дека техничката влада е „дивоградба“ во системот и бесмислена по укинувањето на постмониторингот, бидејќи дозволува неизбрани лица да креираат политики.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори.

,,Предлогот за измени и дополнување за Законот за влада со којшто се врши соугласување со дел од новиот Закон за организација на државната управа и најважното, се укинува она што се нарекува пржинска влада или техничка влада, кое што беше договорено и е дел на политички договор влезе денеска во Собрание“, вели Лефков.

— реклама —

Лефков кажа дека потребно е да се стави крај на политичките пазари и преговори.

,,Тн. пржинска влада е дел на политички договор, а политиката редно време е да и користи на државата и државните инсититуции, а не да биде обратно. Волјата на граѓаните преку Собранието се рефелктира во Владата и таа влада е одговорна и кон граѓаните и одговорна за своите постаки“.

— реклама —

Според него, оваа техничка влада е дивоградба во самиот систем, каде политички преговори или ставови на политички партии и меѓусебни договори овозможуваат некој да заземе место и како што вели тој, на овој начин се искривува она што значи демократија и демократски процеси.

,,Гледаме сега и во јавноста и во медиумите, дека опозицијата, односно СДС се противи, се спротиставува лицемерно на ова решение, иако гласаа за потребата за овој предлог закон во Собрание“, рече Лефков и додаде:

,,Зошто е непотребната драма не знаеме, меѓутоа гледаме дека навистина им  е тешко да се разделат со пржинската влада, иако немаат никаков основ. Ова Предлог законско решение за изменување на Законот за влада е предложено на начин на којшто се предвидува техничката влада, да функционира и за следните избори без разлика дали се редовни или предвремени“.

Лефков смета дека време е политиката да застане во улога на институциите и во улога на државата.

,, Постомонитогрингот за Македонија се укина, со што практично е признаена Македонија и македонската демократија како држава со стабилни институции и стабилна демократија и навистина е бесмислено да имаме еден ваков закон во кој политката се става над демократијата. Нивните ставови во овој момент се во насока на рушење или спротивствавувње на основните принципи на демократијата. Самото градење на ваква техничка, значи дека некој којшто не е избран од народот, не го претставува народот, не доаѓа од народот ќе седне во одредено министерско столче, и тој ќе може да гради одредени политики“, заклучи Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Лефков: Новата власт во Бугарија може да донесе стабилност во регионот

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryn5qv027u0tfc4lSjakU

Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите

Македонија | пред 1 седмица

media-library475gvsp5fc55cwy12Sq

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Лефков: Венко збори едно – Филипче друго, нема договори или преговори за никакви мигрантски кампови

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања