Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лефков: Венко збори едно – Филипче друго, нема договори или преговори за никакви мигрантски кампови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Британскиот амбасадор Метју Лосон, според ВМРО-ДПМНЕ, ги демантирал тврдењата на СДС и Венко Филипче за наводно доаѓање мигранти и формирање мигрантски центри во Македонија. Миле Лефков вели дека нема договори, преговори ниту центри, и дека СДС ширел паника без извинување или одговорност. Лефков го обвинува Филипче за „амнезија“, тврдејќи дека во 2018 година СДС имал план за мигрантски кампови и дека Филипче претходно зборувал за тоа. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со придобивки од договори со повеќе меѓународни партнери.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Лагите и манипулациите од страна на СДС и Филипче, за наводни мигранти во Македонија, ја демантираше викендов британскиот амбасадор Метју Лосон. Откако од петни жили, СДС и Филипче се бореа да создадат паника, хаос и хистерија кај граѓаните за пристигнување на мигранти во Македонија, таа лага им се распрсна како меур од сапуница, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Нема договори, нема преговори, нема центри за мигранти, нема мигранти, имаше само деструкција од страна на СДС и Филипче, и повторување на една иста лага, мислејќи дека таа на тој начин ќе стане вистина. Но, кога таа тема се разобличи и ќе биде демантирана, од страна на претседател на Влада, претседател на држава, министрите за внатрешни и надворешни работи, британски амбасадор, едноставно темата исчезнува, одговорност нема за паниката и нема извинување. Вака функционираат СДС и Филипче. Растураат пердуви во јавноста, а потоа ние треба да ги собираме.

— реклама —

Но, дополнително сме загрижени за амнезијата која ја има чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче. Впрочем, на сликата која ја гледате во моментот, Филипче вели дека никогаш не зборувал тој за мигрантски кампови. Истите оние мигрантски кампови кои тој и Заев сакаа да ги изградат во 2018 година, па на седница на Влада гласаа за таков план.

— реклама —

Филипче изгледа заборавил, но ние сме тука да го потсетиме. И те како има говорено за мигрантски кампови, кога ширеше паника низ граѓаните. Погледнете ја фотографијата. Филипче одеше чекор понапред и свесно лажеше дека Македонија станува мигрантски камп и црна точка на Европа. Скоро 4 месеци подоцна, ниту има мигрантски кампови, ниту има мигранти, ниту ние сме црна точка на Европа. Само лаги, манипулации и деструкции.

Почитувани,

Политиките на СДС и Филипче, водени од српските ПР агенции на Башановиќ, не одат на добро ни на СДС ни на Македонија. Состојбата во која се наоѓа врвот на СДС е навистина загрижувачка.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да ги спроведува бенефитите кои доаѓаат од договорите со Велика Британија, САД, ЕУ, Унгарија. Македонија после долго време станува држава која седи на маса со големите светски сили и е рамноправна во одлучувањата“, вели Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library475gvsp5fc55cwy12Sq

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygckl97mlsesgelKCcAB

Лефков: Заев и Филипче се врзуваат со згради, авиокомпании, фирми и јахти – дали парите се од продажбата на името на Македонија?

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt6502cbog6bi6F7Du3b

Лефков: Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya2lecpqdcuqr77ij8ZX

Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања