Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дескоски: Просветниот инспекторат понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Коментари
toni-deskoski

Професорот Тони Дескоски го критикува ДПИ за постапувањето околу наводни неправилности на Филозофскиот факултет, тврдејќи дека инспекцијата само потврдила пропуст кој факултетот веќе го утврдил и по чие барање ДПИ реагирал. Тој наведува и пример од негова пријава за неправилен состав на комисија за докторат, каде инспекторка различно ги толкувала законските одредби и одбивала поништување. Според него, ДПИ „понекогаш гледа“, а понекогаш игнорира очигледни неправилности.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски во објава на социјалните мрежи реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), поврзано со наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција, отворајќи прашања за начинот на постапување и толкувањето на законските одредби во високото образование.

„Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот!

По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе.

А можело да биде и поинаку.

Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата.

Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто.

И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели Дескоски.

— реклама —
media-libraryia08sebvmuhtcM9V4pp

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

deskoski

Професорот Дескоски за случајот „Казандол“: Голема победа за државата и позитивен сигнал за инвеститорите

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања