Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТОНИ ДЕСКОСКИ

toni-deskoski

Дескоски: Просветниот инспекторат понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски во објава на социјалните мрежи реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), поврзано со наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција, отворајќи прашања за начинот на постапување и толкувањето на законските одредби во високото образование.„Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот!По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе.А можело да биде и поинаку.Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата.Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто.И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели Дескоски.

Коментари | пред 8 часа

media-librarygp8a2sllms369ul6Fji

„Пулс“, СЈО и Жан Митрев се клучните тестови за Савески, следуваат тешки одлуки за обвинителот Савески, вели професорот Дескоски

Првите потези на новиот републички обвинител Ненад Савески влеваат одредена надеж, но пред него стојат сериозни и комплексни предизвици, оценува професорот по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Тони Дескоски.Тој посочува дека Савески ќе мора да се соочи со три клучни краткорочни приоритети, од кои првиот и најважен е обвинението за трагедијата во Кочани, позната како „Пулс“.„Првиот приоритет е најважен. Кочани е национална трагедија. Траума за целото општество. Трагедија за која мора да има правда“, наведува Дескоски.Сепак, тој изразува сериозен сомнеж во квалитетот на обвинението, посочувајќи дека јавноста не е убедена оти во ваква форма може да донесе правична разрешница.„Се чини дека ама баш никој во државава не е убеден дека вакво какво што е, обвинението може да донесе правда, макар и да заврши со кривични осуди“, оценува професорот.Како клучен проблем го посочува недостигот на јасна причинско-последична врска.„Очигледен е проблемот со причинско-последичната врска меѓу дејствијата за кои најголемиот дел од обвинетите се гонат. Едноставно, здраворазумски се заклучува дека таа отсуствува“, пишува Дескоски.Дополнително, според него, во обвинението недостигаат и лица за кои постојат реални сомнежи за одговорност.Вториот приоритет, како што наведува, е расчистување со последиците од работењето на поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го оценува како сериозен удар врз правдата.„Почнува отстранувањето на гангрената предизвикана од дебаклот на СЈО, која заврши во затвор. СЈО е и ќе остане темна дамка во македонската историја“, наведува тој.Дескоски смета дека е неопходно да се отстранат последиците од тој систем, вклучително и кадровските решенија поврзани со него.Како трет приоритет, професорот го посочува обвинението против докторот Жан Митрев, за кое, според него, постојат индиции дека е слабо поставено.„Савески ќе мора да се изјасни: стои ли зад ваквото климаво обвинение или не. Ако застане зад обвинението, го презема ризикот од негово паѓање на суд и треба да сноси одговорност“, наведува Дескоски.Тој заклучува дека јавноста има високи очекувања од новиот обвинител и дека пред него стои можност да ја врати довербата во правосудниот систем.„Нашата јавност е гладна за правда, а Савески е на позиција од која може да ја задоволи таа глад“, порачува Дескоски.

Коментари | пред 2 седмици

deskoski

Професорот Дескоски за случајот „Казандол“: Голема победа за државата и позитивен сигнал за инвеститорите

Универзитетскиот професор Тони Дескоски во објава на Фејсбук ја објасни правната позадина и значењето на арбитражната постапка за случајот „Казандол“, во која Македонија доби позитивна пресуда. Тој нагласува дека ваквиот исход е резултат на сложена работа на адвокатски тимови и експерти, со ангажман и на меѓународна адвокатска фирма специјализирана за инвестициска арбитража. Дескоски посочи дека оваа арбитража е една од петте покренати против државата во последните години, при што сите завршиле во корист на Македонија, што претставува значаен сигнал за странските инвеститори и показател за стабилноста на правниот систем.Вчера беше објавена големата победа на државата во инвестиционата арбитража за одземената концесија за рудникот Казандол. Победата не е случајна, туку е резултат на долготрајна и макотрпна работа на огромен тим составен од адвокати и правници, но и на агажираните вешти стручни лица од најразлични области. Ангажманот на најреномираната меѓународна адвокатска фирма за инвестициска арбитража White &Case, сам по себе говори за сериозноста на пристапот на државата во овој случај.Инвестициската арбитража е инструмент создаден од богатите западни земји, со цел на своите инвеститори да им овозможат директна арбитражна заштита против арбитрерното постапување на странските држави во кои го вложуваат својот капитал. Стана посебно актуелна по бранот на национализации и експропријации на претпријатија со странски капитал по успешните социјалистички револуции во ХХ-от век и извојуваната слобода на бившите колонии. Преку инвестициската арбитража богатите земји кои извезуваат капитал се ослободуваат од товарот од дипломатска интервениција (примена на најразлични видови на притисок) кон земјите каде е загрозен тој капитал, а земјите во кои е инвестиран капиталот добиваат можност во правораздавачка постапка, на рамна нога со странскиот инвеститор да се одбранат, односно да докажат дека нивните органи не постапуваат арбитрерно.На Правниот факултет, јас го воведов предметот Инвестиционо право, каде што се изучуваат сегментите за заштитата на странските инвестиции, а посебно за инвестициската арбитража. Инвестиционата арбитража има една карактеристика која е посебно незгодна инструмент за земјите увознички на капиталот, а тоа е целосното преиспитување на постапките на нивните државни органи од страна на независни лица – арбитри. С. Македонија е земја увозничка на странски капитал и уште по независноста правилно се определи за отворена економија, но и за склучување на билатерални инвестициски договори со голем број на водечките економии во светот, но и со најзначајните економски партнери.Инсвестициската арбитражата за концесијата Казандол произлезе токму од еден таков билатерален договор, оној со Украина од 1998 година. Таа е една од петте инвестициски арбитражи кои беа покрената против Република Македонија во еден краток (Кунико за Фени, Блажо Тасев за САСА, Бинаниеви за Тораница, Артем Скубенко и др. за Казандол и Гама Гуч за Те-ТО), а кои сите завршија во полза на државата.На страната на Украинските инвеститори кои тврдеа дека арбитрерно им е раскинат концесискиот договор од Владата беше адвокатски тим предводен од Чери Блер, сопругата на поранешниот Британски премиер Тони Блер. Меѓу бројните ангажирани вештаци-експерти од нивната страна беа и две професорки од Правниот факултет во Скопје, Гордана Лажетиќ и Родна Живковска. Очигледно ни тоа не помогна за да се докажат тврдењата за арбитрерно постапување на државата спрема украинските инвеститори. Пресуди арбитражен совет предводен од врвен Англиски адвокат Али Малек, но во советот беа и две величини на инвестициската арбитража, Станимир Александров, ангажиран од тужителите и Јан Паулсон, ангажиран од тужената држава.Победата во инвестициската арбитража за Казандол, но и победите во другите инвестициски арбитражи државата треба да ги искористи за промоција на С. Македонија како безбедна дестинација за странските инвеститори. Секако, и Правниот факултет може да се пофали со ангажманот на своите професори на страната на државата

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања