Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Адвокатот Димитријевиќ до студентите кои протестираа: Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора да се познава и користи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Коментари
media-librarysl086gl5dr5d2LaHLcD

Адвокатот Александар Димитријевиќ оцени дека барањето за полагање на правосудниот испит на друг јазик е неосновано, посочувајќи дека суштината на правосудниот систем бара јасна и единствена комуникација.

Тој реагираше и на поддршката што дел од албанските политичари им ја дадоа на студентите, наведувајќи дека, според него, со години се занемаруваат клучни проблеми, додека сега се отвораат прашања кои дополнително ја делат јавноста.

— реклама —

„Јазикот е богатство кое треба да нè зближува, а не да нè разединува“, истакнува Димитријевиќ.

Тој постави и практична дилема за идните правници: на кој јазик ќе се водат судските постапки.

— реклама —

„Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора добро да се познава и да се користи. Во спротивно, ќе се доведе во прашање професионалноста“, посочи адвокатот.

Димитријевиќ им порача на младите правници да не подлегнуваат на политички влијанија и да се фокусираат на знаењето и професионалниот развој, нагласувајќи дека токму тие се иднината на државата.

Во својата изјава, тој наведе и личен пример, истакнувајќи дека работел со адвокат Албанец кој одлично го владеел македонскиот јазик и поради тоа бил високо почитуван во професијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

„Македонија има еден службен јазик на целата територија, секој кој живее и работи треба да го знае“, велат од Македонски Концепт

Македонија | пред 2 седмици

jove-kekenovski

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryvep5v25fohmke1j7bEd

(Видео) Адеми по инцидентот на протестот: Меџити се обиде на низок начин да провоцира пред камерите преку еден негов активист

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања