Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

По изјавите на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во кои тој ја обвини Владата за маргинализација на Албанците, стигна реакција од ВМРО-ДПМНЕ во која се нагласува дека станува збор за стара политичка тактика на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

— реклама —

„Кога нема пари и функции, тогаш започнува врескањето: ‘нема правда за сите’, ‘Албанците се на удар’. Во превод: кога нема тендери и рекет, тогаш одеднаш стануваат заштитници на Албанците и на меѓуетничките односи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека Албанците не се загрозени, туку единствено загрозени се „милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ“.

— реклама —

„Албанците заслужуваат правда исто како и Македонците и секој друг граѓанин на оваа држава. Тие не се штит кој ќе ве спаси од одговорност, ниту алиби за вашите тендери, провизии и лични богатства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата дополнително се истакнува дека времето на двојни стандарди завршило и дека ДУИ мора да се соочи со одговорност за, како што велат, „ограбувањето и осиромашувањето на Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Македонија | пред 2 часа

osmani

Бујар Османи ја поздрави двојазичната богослужба во Ростуше како чин на соживот

Коментари | пред 2 месеци

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи во трка по гласови со националистичка реторика, користејќи обвинувања за маргинализација на Албанците

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања