Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници.

За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. Изминатиот период, Лекарската комора има спроведено повеќе истражувања на оваа тема и податоците покажуваат дека дел од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а поголем број биле изложени на вербално насилство. За нас како Министерство е важно што успешно се имплементираат измените на Кривичниот законик, со кои насилството врз здравствен работник при вршење професионални работни задачи се смета за насилство кон службено лице и претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор, потенцираше министерот Алиу.

— реклама —

Тој истакна дека посебно е значајна улогата на Лекарската комора, која активно го следи постапувањето на надлежните институции и предлага мерки и политики за сузбивање на насилството во здравството, а воедно потсети дека какво било насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, затоа што станува збор за кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Граѓаните ќе можат да се изјаснат за донорство кај матичен лекар: Измени во законот за трансплантација

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylisdff076568ftOapKq

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

Македонија | пред 3 седмици

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања