Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Алиу: Органодарителството е врвен чин на човечка солидарност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2np53pfgdvvafrcVdJN

Министерот за здравство Азир Алиу ја посети Клиниката за нефрологија по повод Светскиот ден на бубрегот „Здрави бубрези за сите“, нагласувајќи дека хроничната бубрежна болест е голем предизвик, најчесто поврзан со дијабетес и висок крвен притисок. Министерството ја поддржува донацијата на органи и организира трибини (Охрид, Битола, а на 27 март и Штип) со експерти, пациенти и верски заедници. Се спроведува и програма за дијализа за неосигурени, вакцини против хепатит Б и превентивна едукација; 85% се на хемодијализа, 15% трансплантирани.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката на нефрологија по повод одбележување Светски ден на бубрегот, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите – се грижиме за пациентите и ја заштитуваме планетата“.

Хроничната бубрежна болест претставува сериозен глобален здравствен предизвик, а најчести причини за оштетување на бубрезите се дијабетесот и покачениот крвен притисок.

— реклама —

Министерството за здравство дава силна поддршка за органодарителството и во континуитет работиме на подигнување на свесноста за значењето на овој врвен чин на хуманост. По тој повод, во соработка со граѓанскиот сектор, досега се одржаа трибини во Охрид и Битола, а на 27 март ќе се одржи и трибина во Штип. Целта на трибините е преку учество на лекари-експерти во областа на трансплантација, пациенти, донори и претставници на верските заедници, да се отвори јавна дискусија за значењето на органодарителството, медицинските факти, законските аспекти, како и за животните приказни на пациентите кои чекаат или веќе добиле трансплантација, посочи министерот Алиу.

Министерството за здравство секоја година спроведува и Програма за обезбедување средства за третман на пациенти со дијализа, со која се опфатени лица на хемодијализа без здравствено осигурување, набавка на вакцини против хепатит Б, како и едукативни активности за превенција.

— реклама —

Во нашата држава околу 85% од пациентите со терминална бубрежна слабост се третираат со хемодијализа, додека околу 15% со трансплантација на бубрег. Во оваа прилика беше упатен апел за подигнување на свесноста за значењето на трансплантацијата, како чин што спасува живот и претставува највисок израз на човечка солидарност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Граѓаните ќе можат да се изјаснат за донорство кај матичен лекар: Измени во законот за трансплантација

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylisdff076568ftOapKq

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

Македонија | пред 3 седмици

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања