Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алиу: Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhfnqalpsiquvf5vHRu7

Министерот за здравство Азир Алиу информира дека се спроведуваат засилени вонредни контроли кај 43 компании со дозвола за одгледување медицински канабис, во соработка со МВР, МАЛМЕД и инспекторати, со цел законско и транспарентно работење. Досега се извршени 13 контроли; кај 6 субјекти се утврдени неправилности (складирање, недоставени известувања/документација, несогласување на количини) и Владата им ги одзеде одобренијата. По завршување на контролите ќе се подготви построга регулатива.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

   Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата.

— реклама —

- Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за јавниот интерес. Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“, без привилегирани и без заштитени, истакна министерот Алиу.

— реклама —

Тој нагласи дека засилени вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица. Контролите се спроведуваат во соработка со МВР, МАЛМЕД, Инспекторат за земјоделство, ДСЗИ и други надлежни институции.

— реклама —

- Досега се извршени 13 контроли кај лиценцирани правни субјекти, при што кај 6 од нив се утврдени неправилности во постапувањето, согласно законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Поради тоа, Владата на денешната седница донесе одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај овие 6 правни субјекти, појасни Алиу.

Инаку, одлуките на Владата за засноваат на наодите од спроведени контроли и со кои се констатирани следните состојби:

-Несоодветно складирање на сув цвет, при што тој бил затекнат отворен, без соодветно запечатување и без складирање во пропишани картонски кутии.

-Недоставени известувања до комисијата за извршено производство, берба и купопродажба на сув цвет

-Недоставена севкупна документација и договори, поврзани со продажба и трансфер на сувиот цвет

-Утврдено несовпаѓање меѓу евидентираните и фактички затекнатите количества на сув цвет во сеф-соба.

-Недоставено известување во рок од три дена за настанати промени, согласно обврските, утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Дополнително, министерот Алиу порака дека целта на овие вонредни контроли е обезбедување доследна примена на законските прописи, унапредување на надзорот на производството и прометот, како и обезбедување транспарентно и законско функционирање на секторот за производство на канабис за медицински цели.

- Овој процес на контрола на производителите на канабис за медицински цели, откри и низа системски слабости, но и назнаки за интенционални празнини во регулативата, што можат да се користат за злоупотреби. Затоа, по завршувањето на контролите кај сите 43 правни лица и по целосното утврдување на сите аномалии, ќе пристапиме кон подготовка на нова и поцврста законска регулатива за одгледување канабис за медицински цели. Како Влада одлучни да не дозволиме било каква идна можност за манипулации и злоупотреби, заклучи Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 3 дена

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања