Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Амбасадорот на Украина одбил разговор со американскиот потпретседател Ванс по инцидентот во Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Валериј Залужни, амбасадор на Украина во Обединетото Кралство и поранешен командант на вооружените сили, одбил телефонски разговор со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, објави Guardian.

— реклама —

Според пишувањата, Ванс се обидел да стапи во контакт со Залужни три дена по жестоката расправија што ја имал со претседателот Володимир Зеленски во Овалната сала кон крајот на февруари. Целта на обидот била да се испита теренот околу можни алтернативи за Зеленски на лидерската позиција во Украина.

— реклама —

Залужни, кој ужива голема доверба и во армијата и меѓу граѓаните поради неговата улога во одбраната од руската агресија, по консултации со шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, одлучил да не го прифати повикот.

— реклама —

Анкетите на агенцијата Rating покажуваат дека доколку се кандидира, Залужни би бил втор во претседателската трка со 25 проценти поддршка, веднаш зад Зеленски, додека неговата потенцијална политичка партија би освоила прво место на парламентарни избори со 22 проценти.

Во меѓувреме, поранешната новинарка на Би-Би-Си, Оксана Тороп, ги демантираше шпекулациите дека Залужни во Лондон формира тим за претседателска кампања. Таа истакна дека генералниот став на Залужни останува ист: додека трае војната, приоритет мора да биде опстанокот на државата, а не изборите.

Слични контакти, како што пишува Guardian, имале и лица блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои во периодот по конфликтот во Белата куќа разговарале со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и со поранешната премиерка Јулија Тимошенко – двајцата најистакнати опозициски лидери во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Свет | пред 5 часа

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 21 час

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања