Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Американската војска нуди награда за крадци кои украле воени дронови од база во Кентаки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryg3vfgh41j5c577E3FDY

Американската копнена војска нуди награда за информации што ќе помогнат во апсењето на двајца осомничени кои украле воени дронови од воена база, во период кога расте загриженоста од можни ирански напади со беспилотни летала на територијата на САД.

Службата за криминалистички истраги на копнената војска објави дека нуди награда од 5.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на лицата осомничени дека во ноември минатата година украле дронови од базата Форт Кемпбел во сојузната држава Кентаки, објави „Њујорк пост“.

— реклама —

Кражбата се случила меѓу 21 и 24 ноември, но воените власти не соопштија кога точно било откриено дека опремата недостасува.

Станува збор за дронови од типот „Скајдио X10D“, лесни квадрокоптери со голем дострел кои се користат за воздушен надзор и извидување. Според производителот, овие беспилотни летала користат вештачка интелигенција за избегнување пречки и можат да се поврзат на 5Г мобилни мрежи, што овозможува речиси неограничен дострел на сигналот. Вредноста на еден ваков дрон се проценува на околу 30.000 долари.

— реклама —

Воените истражители објавија фотографии од двајцата осомничени, кои носеле ракавици, светли јакни и зимски капи, додека еден од нив имал и маска на лицето. Објавени се и снимки од две возила за кои се сомнева дека биле користени при бегството – светла лимузина со четири врати и темен пикап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања