Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Американски авиони слетаа во Обединетото Кралство пред можен напад врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarytaoe498noibs5irqa7o

Два клучни американски авиони за рано предупредување и командување, што се користат за управување со бојното поле, слетаа во Обединетото Кралство во услови на засилено распоредување на американски воени сили кои би можеле да бидат искористени за евентуални напади врз Иран, објави Би-би-си.

Станува збор за авиони од типот Боеинг Е-3 Сентри, познати како АВАКС, кои утринава слетале во воздухопловната база РАФ Милденхол во Сафолк. Нивното пристигнување било забележано и фотографирано од воздухопловен ентузијаст, а според податоците од следење на летови, леталата полетале од Енкориџ на Алјаска.

— реклама —

Натамошното движење на овие стратешки значајни авиони внимателно ќе се следи, бидејќи дел од аналитичарите нивното пристигнување го сметаат за еден од последните „делови од мозаикот“ потребни за можен американски удар врз Иран.

Истражувачот Стефан Воткинс, кој со користење јавно достапни информации ги следи движењата на бродови и авиони, претходно за Би-би-си Verify изјави дека доколку настаните се одвиваат по истиот образец како операцијата „Миднајт Хамер“, кодното име за американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни 2025 година, тоа би значело дека ударот е неизбежен.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 17 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 17 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања