Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновски: Македонија прави системски чекори за употреба на ВИ во јавната администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryg0hiombbo8oh8I7xY5h

Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

— реклама —

Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за понатамошни институционални унапредувања. Во извештајот се констатира дека во анализираниот период јавниот сектор немал воспоставена целосна стратешка, законска и инфраструктурна рамка за системска примена на ВИ.

— реклама —

„Овие наоди се сериозни и ги третираме како основа за институционално подобрување. Но важно е да се нагласи дека од периодот опфатен со ревизијата до денес се преземени конкретни чекори“, истакна Андоновски.

— реклама —

Министерот нагласи: „Во доменот на вештачката интелигенција, стратегиите и законите се неопходна рамка – но тие сами по себе не создаваат капацитет. Технологијата се развива побрзо од секој нормативен документ. Ако останеме само на стратегии, ќе заостанеме. Затоа паралелно работиме на конкретна имплементација.“

Во продолжение, министерот ги презентираше активностите што веќе се спроведуваат за воспоставување системска рамка за вештачка интелигенција во јавниот сектор:

  • Национална ИКТ стратегија 2025–2030 како хоризонтална дигитална рамка, со позиционирање на ВИ како стратешка технолошка оска и предвиден акциски план за ВИ во јавната администрација.

  • Национална стратегија за вештачка интелигенција во подготовка, преку работна група под координација на Министерството, со вклученост на академската заедница, приватниот сектор и Агенцијата за заштита на лични податоци, усогласена со европската регулаторна рамка.

  • data.gov.mk со AI — интеграција на AI асистент за пребарување на природен јазик и генерирање структурирани одговори од објавените сетови, со цел зголемена практична употребливост на отворените податоци.

  • ВЕЗИЛКА — иницијатива за развој на GPU капацитети и основа за развој на модели на македонски јазик, како инфраструктурен предуслов за ВИ, со поврзување со европскиот AI/HPC екосистем.

  • Заштита на лични податоци и етичка рамка — планиран механизам за проценка на ризик (AI impact assessment), етички принципи, транспарентност и засилена институционална координација.

Осврнувајќи се на суштинското прашање од ревизијата — дали јавниот сектор е подготвен за ВИ — министерот истакна дека во анализираниот период подготвеноста не била целосна, но дека денес системски се воспоставува рамка и се оди кон оперативна примена.

„Вештачката интелигенција нема да биде административен проект. Ќе биде технолошка трансформација во служба на граѓаните“, порача Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye8skl60fb4e35tif0Ar

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Македонија | пред 6 дена

media-librarypng1f0amacub3gNiqi7

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Порталот за електронски услуги со 290 отсто раст на издадени услуги

Македонија | пред 1 месец

media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Владата против ограничување на пристапот до социјални мрежи за малолетници

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања