Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновски: МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1000022048

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

— реклама —

"Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства", истакна Андоновски.

— реклама —

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на нашиот Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

— реклама —

"Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона - ангел чувар на македонската нација", заклучи Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 4 дена

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 1 месец

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања