Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypng1f0amacub3gNiqi7

Денеска беше промовиран едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, дел од проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Министерството за дигитална трансформација. Филмот, создаден во соработка меѓу ученици и наставници, има цел да ја подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот. Министерот Стефан Андоновски истакна дека иницијативата го заокружува Месецот на побезбеден интернет и нагласи потреба од заедничка работа на институции, училишта и родители. Филмот ќе биде достапен во сите училишта и за прикажување на телевизии.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска се одржа промотивно прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација.

Филмот е создаден како резултат на креативна соработка меѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите. На едноставен, разбирлив и едукативен начин, анимираниот филм ја доближува важноста на дигиталната писменост и безбедното однесување во онлајн просторот.

— реклама —

На покана на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на настанот присуствуваа и ученици од општина Кисела Вода, како и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Кликни безбедно е едукативен цртан филм, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Ова е последната активност со која го завршуваме Месецот на побезбеден интернет и нашиот европски проект MKSafeNet. Филмот е наменет за најмладите и има за цел на едноставен и разбирлив начин да ја доближи важноста на дигиталната писменост, како и безбедното, одговорно и етичко користење на интернетот.“ изјави Андоновски.

— реклама —

Министерот додаде и дека технологијата треба да се користи разумно и да се внимава на ризиците: „Во време кога децата с? порано се среќаваат со дигиталниот свет, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици. Затоа ваквите иницијативи се особено важни – тие ја поттикнуваат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со заедничка цел: побезбеден интернет за секое дете.“ рече Андоновски

Анимираниот филм ќе биде достапен во сите училишта низ Македонија, а ќе имаат можност да го прикажуваат и сите телевизии. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации.

Со промоцијата на „Кликни безбедно“, Министерството за дигитална трансформација уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на дигиталната култура, јакнење на свеста за онлајн безбедноста и создавање побезбедна дигитална средина за сите деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn702goab421veSVWYnb

Средба Андоновски – Варнс: Потврдена соработка во дигитализација и сајбер безбедност

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library4p3jeocscj0udKTsJ3o

Андоновски: САД ги препознаа дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста како клучни области за соработка

Македонија | пред 2 седмици

media-library2qfass5192imdr7xOop

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 2 седмици

media-librarye8skl60fb4e35tif0Ar

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања