Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население: помалку шалтери, повеќе дигитални решенија за граѓаните и компаниите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryf47ckj4ud1ek8X9kt0F

Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток  на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите.

— реклама —

На денешната прес-конференција, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека целта на Министерството е јасна: „јавните услуги да бидат достапни, поврзани и ориентирани кон потребите на граѓаните и бизнисите.“

— реклама —

Министерот нагласи дека станува збор за услуги „кои директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и го елиминираат непотребното чекање и физичко присуство на шалтери.“

За правните лица, за прв пат е овозможена електронска услуга за:

  • Издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување (целосно дигитално, достапно во секое време).

За физичките лица, воведени се следните е-услуги:

  • Потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување,

  • Потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес,

  • Потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа.

„Овие услуги се само почеток на системска дигитална трансформација, а не изолирани технички решенија,“ порача министерот Андоновски.

Посебен акцент беше ставен на воведувањето на единствената најава „Корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат во системот за единствена најава – SSO,“ рече Андоновски, додавајќи дека „граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил непречено да се движат и користат услуги на различни институционални портали, без повторно најавување и без дополнителни административни бариери.“

Од денес, ФЗОМ е и технички поврзан со ЦРН, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните. Министерот истакна дека преку ова поврзување, ФЗОМ „во рамки на речиси 40 управни и деловни постапки користи податоци од ЦРН како единствен референтен извор,“ со што се намалуваат грешките и потребата од рачно внесување податоци.

Ова поврзување, меѓу другото, се применува во постапки како: пријава и одјава на здравствено осигурување, утврдување својство на осигурено лице, боледување, бременост и раѓање, лекување во странство, двојазични обрасци, рефундации, потврди и други права и обврски во надлежност на ФЗОМ.

„Ова е пример како дигиталната трансформација треба да изгледа во пракса: институции кои соработуваат, системи кои се поврзуваат и услуги кои функционираат во корист на граѓаните,“ потенцираше Андоновски.

„Ќе продолжиме да градиме вакви решенија – решенија кои носат реални, мерливи придобивки и ја трансформираат јавната администрација во модерен, ефикасен и достапен сервис.“ заврши министерот, Стефан Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn702goab421veSVWYnb

Средба Андоновски – Варнс: Потврдена соработка во дигитализација и сајбер безбедност

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library4p3jeocscj0udKTsJ3o

Андоновски: САД ги препознаа дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста како клучни области за соработка

Македонија | пред 2 седмици

media-library2qfass5192imdr7xOop

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 2 седмици

media-librarye8skl60fb4e35tif0Ar

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања