Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновски: Нула корупција во јавите набавки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Andonovski-15.10

Дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, беше во посета на Струмица каде што имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

— реклама —

"Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки, и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме "Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри. " , изјави Андоновски.

— реклама —

Посочено е дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

— реклама —

"Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат.

Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот.

Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки.", посочи Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 4 дена

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 1 месец

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања