Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Апасиев со анализа за Куба: Инвестира во фотоволтаици додека се соочува со санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Коментари
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку јавна објава ја посочи Куба како пример за држава што, и покрај тешките економски и енергетски услови, се обидува да најде излез преку обновливи извори на енергија.

„КУБА е островска земја, на Карибите. Има 10 милиони жители. Нема руди. Електраните им работат на нафта. САД им прави илегално ембарго на увозот на се, не само на енергенси (поморска блокада). Поради тоа одложени се преку 100.000 операции во болниците, иако имаат најдобро здравство во светот. И секоја вечер умираат по десетици лица ставени на кислородна поддршка“, напиша Апасиев.

— реклама —

Тој додава дека земјата ја насочува својата иднина кон зелена енергија, со поддршка од Кина.

„Иднината ја гледаат во "зелената транзиција" потпомогната од инсталирање фотоволтаици од Кина на секој стратешки објект. Производството на струја од сонце порасна од 5%, на 20%“, наведува тој.

— реклама —

Во објавата, Апасиев прави и поширок политички осврт, оценувајќи дека Куба се соочува со притисоци од САД, но дека има решеност да издржи.

„Како и сиот цивилизиран свет, цела нација чека да заврши мандатот на лудиот Џинџер Калигула, за да се спасат од империјалистичката тиранија. И решени се да издржат“, додава Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев до Мицкоски: Дали стоите зад идното „вдомување“ на Костадиновски на државните универзитети

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев: Сѐ што е анти ВМРО треба да се построи под бајракот на Левица

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев обвинува: „Обвинителството се вмроидизира, случаите ‘Талир’ ќе застарат“

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев: Ви помина законскиот рок за постапката, ќе наминам да видам баш што сте откриле

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања