Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Апокалипса во САД: Најмалку седум загинати, повеќе од 860.000 домаќинства без струја, откажани 12.000 летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
sneg-amerika

Зимската бура која го зафати поголемиот дел од Соединетите Американски Држави досега однесе најмалку седум животи. Повеќе од 860.000 домаќинства се без струја, а околу 12.000 летови се откажани.

— реклама —

Тенеси пријави три смртни случаи поврзани со временските услови, две лица загинаа во Луизијана, едно во Тексас и едно во Канзас, според податоците на локалните власти пренесени од NBC News.

Температурите во некои делови достигнаа до -35 степени Целзиусови.

— реклама —

За некои области на југот на САД е прогласена опасност од силни временски непогоди, а на сила е и предупредување за торнадо за делови од Алабама, Џорџија и Флорида.

Во погодените области повеќе од 860.000 корисници се без струја.

Ледена дождовница паднала во делови од Џорџија, преку Северна и Јужна Каролина и средноатлантскиот регион, додека во долината на Охајо и североисточниот дел паднал обилен снег.

Поради бурната зима откажани се повеќе од 12.000 летови планирани за денеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 21 час

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања