Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит и 2.000 кгр. небезбеден стек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба од 23.05.2025 година.

— реклама —

Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

— реклама —

Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение.

— реклама —

Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на добра хигиенска и производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.

Во рамки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydo60vgqvc1qe10Gf4ca

По божиќниот пост, не се прејадувајте со тешка и масна храна

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryj3q8c2hbucfk7y2PjNu

Ешерихија коли во прехрамбен намаз – АХВ ја казни „Ванила фуд“ по труењето на 40 деца во „Димо Хаџи Димов“

Скопје | пред 3 месеци

skolo-4

АХВ затвори 15 локали до училиштата, учениците купувале небезбедна храна

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања