Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
Ana-Karenina-3

Поради голем интерес на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски повторно на сцената на Националната опера и балет на 5 јули (петок) , со почеток во 20.00 часот.

— реклама —

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

— реклама —

Во повеќе од два часа, балетските уметници на НОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Марија Кичевска Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

— реклама —

Моќна, динамична, емотивна...!

Настапуваат: истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања