Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Барал брза заработка, добил упатства за експлозив: Украинските служби уапсија маж кој разнел автомобил по налог на руски служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library3u33jdl9ah1b3ZIQFlk

Служба за безбедност на Украина и Националната полиција уапсија 33-годишен невработен маж, осомничен дека на 16 февруари во Одеса извршил бомбашки напад врз теренско возило по налог на руски тајни служби. Во експлозијата, која се случила во киевска градска четврт, бил повреден сопственикот на возилото. Станува збор за втор ваков инцидент во ова подрачје во последните десет дена.

— реклама —

Според истрагата, осомничениот бил регрутиран преку канали на апликацијата Телеграм, каде што барал начини за брза заработка. Откако стапил во контакт со лица поврзани со руските служби, добил детални упатства за изработка на импровизирана експлозивна направа од лесно достапни материјали. Потребните делови ги набавил во продавници за техничка опрема, по што ја составил направата и ја поврзал со мобилен телефон за далечинско активирање.

— реклама —

По извидување на локацијата, осомничениот ја поставил експлозивната направа под автомобилот. Во близина сокрил паметен телефон преку кој, според тврдењата на истражителите, руските оперативци го надгледувале подрачјето и ја активирале експлозијата од далечина.

— реклама —

При претрес на неговиот дом биле запленети компоненти за изработка на експлозивни направи и мобилни телефони преку кои комуницирал со нарачателот. Истражителите на СБУ поднеле пријава против него за кривично дело терористички чин. Одреден му е притвор, а му се заканува казна до 12 години затвор, како и одземање на имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања