Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бараме 70.000 евра отштета за семејствата на бранителите од 2001 година, ДУИ да не го кочи законот, вели Ангелов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Дел од семејствата на загинатите бранители од 2001 година на конкретно од 15-ина семејства како и десетина воени инвалиди до ден денес останаа необесштетени. Од страна на „Достоинство“ во неколку наврати се преземени иницијативи и кон законодавниот дом почнувајки од 2008 година кога предложивме нов закон за бранители, закон за посебни права на бранители кој за жал тогаш не помина, вклучително и неколку иницијативи до Владата.  Ова го соопшти претседателот на „Достоинство” Стојанче Ангелов и рече дека  минатиот декември до Владата е поднесена и иницијатива за надминување на овој проблем со кој се нуди решение за обештетување на нивните семејства.

— реклама —

„Се до денес оваа иницијатива не е разгледана, Владата ја нема отфрлемно, но ниту прифатено. Од разговорите кои ги имав со премиерот Ковачевски од него добивме поддршка, за жал проблемот е во политичката партија ДУИ, иако на една од коалициските средби лидерот Али Ахмети најави дека ќе се најде решение“, посочи Ангелов.

— реклама —

Како што додаде избработен е предлог закон  од нивна страна кој нуди решение за овој проблем.


„Бараме за семејствата на загинатите бранители да се обесштетат 70 ооо евра надомест за нематеријална штета и бараме по 50 000 евра за 100 процентен воен инвалидитет“, додаде Ангелов.


Тој бара и поддршка од пратениците, да се потпишат на овој предлог  и законот за иницијативата да влезе во собраниска процедура.


„Очекувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дадат целосна поддршка. Пред нецел месец почина Живко Божиновски од Битола, татко на запален полицаец кај Вејце од срцев удар. Да не дозволиме да испоумрат родителите на загинатите бранители коишто се уште не се обештетени“, заврши Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-03-31-at-12.30.42

Пронајдена исчезнатата девојка кај Белви, Тошковски со детали: Таа е во добра состојба

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања