Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бебе почина во САД откако било оставено во автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
bebe

Седуммесечно бебе почина во американската сојузна држава Тенеси откако било оставено во загреан автомобил, соопштија локалните власти.

Полицијата реагирала на повик за бебе без свест во возило паркирано кај библиотека во градот Монтереј, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Патнам.

— реклама —

Според властите, бебето можеби поминало часови во автомобил со исклучен мотор и затворени прозорци. Температурата во моментот достигнала околу 27 степени Целзиусови.

Шерифот Еди Фарис изјави дека станува збор за „страшна трагедија“ и апелираше родителите секогаш да ги проверуваат возилата, нагласувајќи дека и кратка проверка може да спаси живот.

— реклама —

Истражните органи работат на расветлување на случајот.

Според организацијата „Кидс енд Карс“, ова е втора смрт на дете во вакви околности во САД оваа година. Од 1990 година досега, во САД најмалку 1.172 деца починале откако биле оставени во загреани автомобили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 21 час

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 22 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања