Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Би-Би-Си: Новите царини носат неизвесност за сојузниците на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
bela-kuka

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си во својата анализа оценува дека не е изненадување што американскиот претседател Доналд Трамп избрал поинаков правен механизам за воведување нова глобална царина од 15 отсто. Според анализата, царините претставуваат централен дел од економската стратегија на Трамп, па одлуката на Врховниот суд на САД – со која беше утврдено дека ги пречекорил овластувањата повикувајќи се на вонредни економски мерки – значително ја ограничила неговата моќ.

Трамп најави дека неговата администрација во наредните месеци ќе продолжи да определува и воведува нови, законски дозволени царини, тврдејќи дека тие ќе донесат уште поголеми приходи од претходниот систем. Сепак, според Би-Би-Си, извесно е дека ќе продолжи периодот на неизвесност за компаниите и за американските сојузници.

— реклама —

Неколку земји, меѓу кои Обединетото Кралство, Мексико и Германија, внимателно ја поздравиле судската пресуда, но истакнале дека ќе ги следат следните чекори на американскиот претседател пред да преземат конкретни мерки.

Во анализата се отвора и прашањето дали компаниите што веќе ги платиле царините кои сега се прогласени за незаконски ќе имаат право на поврат на средствата.

— реклама —

Дополнително, се потсетува дека новата глобална тарифа може да остане во сила најмногу 150 дена без одобрување од американскиот Конгрес, што остава простор за нови политички и правни судири во Вашингтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања