Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Битола: 28-годишен внук ја претепал баба си до раб на смрт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека сторил обид за кривично дело убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според Обвинителството, при вршење семејно насилство во домот во кој заедно живееле, на улицата „Лавчанска корија“ во Битола, осомничениот се обидел да ја лиши од живот својата баба. Инцидентот се случил на 17 јануари, кога тој претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, а потоа со рацете ја удирал жената по главата и телото сѐ додека не паднала во бессознание.

— реклама —

Со нападот ѝ биле нанесени повеќе тешки телесни повреди, меѓу кои крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со што нејзиниот живот бил доведен во сериозна опасност.

— реклама —

По настанот, осомничениот се дал во бегство, но бил лишен од слобода за кратко време. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5sbql1dkvt9leU9lzpl

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Македонија | пред 1 ден

media-library56pif6hp19rq8133cK0

И по една година без епилог: Предистрагата за следењето на Мицкоски и медиуми сè уште тапка во место

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања