Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Благој Стефановски добитник на наградата за животно дело на Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
blado-stefanovski-bage

Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември“ за животно дело, што Општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.

— реклама —

Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“„ претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации. Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.

— реклама —

Со одлука на Општина Битола, годишни награди и признанија на свечена академија ќе им бидат врачени на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска, детската градинката „Мајски цвет“ и на печатницата „Киро Дандаро“, сите од Битола.

— реклама —

Признанијата на добитниците свечено ќе им бидат врачени на свечената седница на Советот на Општината Битола која ќе се одржи в понеделник на 4 Ноември, во Народниот театар Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања