Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бојковска: Овој Предлог-буџет ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryjl9ie3cprvnedbQ6k0K


Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026.

— реклама —

Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во образованието.

— реклама —

Бојковска посочи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и создава услови кои младите ги заслужуваат.

— реклама —

„Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе од 2025 година“, рече Бојковска.

Бојковска информираше за средствата определени за образование по посебни ставки.

„Во високото образование 11.290 милиони денари – зголемување од 315 милиони.  Зголемувања има за УКИМ, за Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, за Универзитетот во Тетово и Универзитетот Гоце Делчев во Штип. ФИНКИ и ФФК конечно ќе добијат современи и функционални згради, за нив се издвојуваат 32,5 милиони денари во 2026 година. Нашите студенти одамна го заслужија ова. Доста е од импровизирани училници и лоши услови. Додека едни лажеа, правеа спотови и ветуваа студентски градови, ние наоѓаме решенија на  проблемите. И најважно – реализираме“, вели

Бојковска.

Бојковска се осврна посебно на програмата за одделот наука информирајќи дека се издвојуваат 823,4 милиони денари.

„Или 26% повеќе од 2025 година. Ова е еден од нашите приоритети – да се вложува во научно истражувачката работа и да имаме нација која ќе ја носи државата на здрави столбови. Никогаш повеќе претходно не се поддржала науката и научната дејност“, кажа Бојковска.

Пратеничката информираше и за средствата наменети за средното образование кое добива дополнително зголемен Буџет.

„Особено сакам да го потенцирам вложувањето во инклузивното средно образование.  Изградбата на спортски сали во основните училишта е зголемена за 44% или 113 милиони денари. Ова се инвестиции во генерации, во таленти, во иднина“, заклучи Бојковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 15 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 20 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 20 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања