Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бојковска: За новиот Кривичен законик веќе има нацрт-верзија, ќе биде донесен до јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library1qhvi0j7nr4s1fCcDnS

Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Бојковска се осврна на измената на Кривичниот законик, која се изгласа денес во Собранието, а нагласи дека се подготвува и нов Кривичен законик, на кој веќе се работи и за кој веќе има нацрт верзија.

— реклама —

,,Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека доколку не направиме до крајот на годината измени во Кривчниот законик, ќе оставиме да имаме правна празнина, и оттаму доаѓа и таа иницијатива да поднесеме предлог измена на Кривичен законик и секако од оној упад којшто беше направен од претходната влада во 2023 година, каде што освен што се намалија казните по членот 353, односно злоупотреба на службена положба и овластување се бришеа и оние кривични дела односно инкриминацијта на одредени кривични дела, се со цел да се амнестираат и ослободат оние кои што  би се гонеле по овој член. Оттаму доаѓа овој предлог измена на Кривичниот законик, се со цел да се ублажат состојбите коишто беа настанати од претходната влада“, рече Бојковска.

— реклама —

Бојковска истакна дека се подготвува нов Кривичен законик и постои работна група во Министерството за правда која веќе работи на него, а како што вели, истиот треба да биде донесен до јуни, бидејќи веќе постои нацрт верзија за истиот.

— реклама —

,,Се спрема нов Кривичен законик на којшто работи одредена работна група во Министерството за правда, којшто треба да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија, и секако ќе се најде пред нас пратениците“, кажа Бојковска и додаде:

,,Очекувам овој нов Кривичен законик да биде донесен најдоцна до јуни месец оваа година, но очекуваме да биде тоа и порано, бидејќи знаеме дека веќе има некоја нацрт верзија од истиот. По финализирање на истиот закон, ценам дека Македонија треба да добие пред се еден квалитетен кривичен законик бидејќи најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни“.

Таа истакна дека ја поддржува измената на Кривичниот законик со оглед на тоа што и самата е подносител, и нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде ставен на ЕНЕР,  а ги повика и пратениците да дебатираат за поквалитетно законско решение.

,,Спречуваме навистина нешто кое што беше нотирано во 3 извештаи на Европската комисија, во извештаи во Стејт департменот на САД којшто укажуваше дека Македонија се соочува со сериозно  уназадување на борбата на корупцијата и со гонењето на високиот криминал, токму поради овие измени. Ќе биде нов Кривичен законик, којшто ќе биде ставен на ЕНЕР, за којшто ќе можеме и ние пратениците да дебатираме за поквалитетно законско решение. Јас ги повикувам сите колеги мои пратеници, да учествуваат во таа јавна расправа, за да понудиме едно поквалитетно законско решение“, заклучи Бојковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 13 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 18 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 18 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања