Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library9ush5ii8evlk6x54Yk2

Царинската управа и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување и електронска размена на документи во управни спорови. Преку платформата ЕПУС ќе се врши електронска достава на судски акти, ќе се креираат електронски досиеја и ќе се намали хартијата и трошоците за пошта, со побрзо и посигурно постапување. Николовски и Сејдини очекуваат поголема транспарентност, ажурност и подобра координација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.

— реклама —

Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд.

Царинската управа ги поддржува ваквите иницијативи кои претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите, побрза размена на информации истовремено намалувајќи ги трошоци за поштенските услуги за достава.

Новиот систем овозможува креирање електронски досиеја за предметите, како и електронско доставување на документите, што значително ќе го забрза постапувањето и ќе придонесе за намалување на користењето хартиена документација.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини изразија задоволство од потпишувањето на Меморандумот, нагласувајќи дека со неговата имплементација ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста и ажурноста во постапките пред Управниот суд. Двете страни се согласија дека со оваа соработка се унапредува институционалната координација и се создаваат услови за поефикасно функционирање на управно-судските постапки“, информираат од Царинската управа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 3 дена

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања