Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Честитки до граѓаните, нашата земја е Европа во мало“, рече Ковачевски говорејќи за компромисите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
52225442737_c075284a9f_c

Премиерот Димитар Ковачевски честиташе на граѓаните на Македонија, на кои им порача дека овој ден, кој го нарече историски, е нивни ден. Кажа дека донесени се тешки одлуки, патриотски одлуки, за да се отпочнат преговорите.

„Им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија, тие се најзаслужни за овој ден. Тие не се предадоа пред ниту еден предизвик, пред планини тешки отстапки и компромиси, за да го исполнат својот сон, припадност во ЕУ. По 17 години и тешки компромиси, се отвора приемот на Македонија кон ЕУ. Првиот чекор е направен. Денес почнуваме ново поглавје во македонската историја“, кажа Ковачевски.

— реклама —

Според него, залагањето за просперитетот на државата е најголем патриотизам.

„Зачуван е македонскиот јазик, ЕУ не прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик. Ова е обезбедено засекогаш, не се преговара за ова, ниту ќе се преговара. Сите ќе излеземе посилни и постабилни“, додаде Ковачевски.

— реклама —

Според него, помошта која ЕУ ќе ја обезбеди, ќе овозможи македонските граѓани да добијат европска поддршка.

„Со верба во себе, предците, посебноста, ја движиме државата напред. Градиме европско општество. Нашата држава е Европа во мало“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Свет | пред 6 дена

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања