Обединето Кралство, Франција, Германија и Италија изразија „длабока загриженост“ поради предлог-законот во Израел со кој се предвидува проширување на примената на смртната казна.
Во заедничко соопштение, министрите за надворешни работи на овие земји предупредија дека ваквиот закон може да има дискриминаторски карактер и да ги наруши демократските обврски на Израел.
Предлогот, кој се очекува да биде разгледан во парламентот – Кнесетот, предвидува значително проширување на можностите за изрекување смртна казна, вклучително и нејзина задолжителна примена за одредени кривични дела.
Реакција стигна и од Совет на Европа, каде што генералниот секретар Ален Берсе повика Израел да се откаже од законските измени, оценувајќи ги како чекор назад во однос на долгогодишната практика без извршување на смртна казна.
Иако смртната казна формално постои во израелското законодавство, последен пат е извршена во 1962 година, кога бил погубен нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман.
Дополнителна загриженост изразија и експерти на Обединети нации, кои предупредија дека предложените измени може да доведат до двоен систем на примена на смртната казна, со различни правила за различни категории случаи.
Законот, доколку биде усвоен, најверојатно ќе се соочи со правни предизвици и ќе заврши пред Врховниот суд на Израел.