Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Четири функционери на пат да останат без функциите во ВМРО-ДПМНЕ оти Мицкоски планира да ги укине потпретседателските позиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
ck-dpmne

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски планира укинување на потпретседателските места во партијата, а пак генерален секретар, неофицијално, ќе остане Ѓорѓија Сајковски кој и досега ја обавува оваа функција, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Ова се промените во владејачката партија кои се очекува во петок да се најдат пред Централниот комитет. Мицкоски и на прес-конференција кажа дека седницата на ова партиско тело е веќе закажана.

— реклама —

Освен Сајковски, желба да бидат во трката, но и да бидат избрани за секретарската функција има и Ивица Томовски, кој е директор на Службата за општи и заеднички работи.

— реклама —

Според партискиот статут, претседателот Мицкоски номинира кандидати за потпретседатели и генерален секретар на партијата, како и предлага нивно разрешување.

Укинувањето на потпретседателските функции ќе значи дека Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски, Гордана Димитровска Кочовска ќе останат без нивните позиции.

Засега овие информации не се потврдени од партијата, ниту коментирани во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања