Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ChatGPT воведува построги мерки за заштита на малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Магазин
ChatGPT

Компанијата OpenAI воведува нови правила за користење на ChatGPT кај малолетници, со цел да ја зголеми безбедноста на младите корисници. Извршниот директор Сем Алтман изјави дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека тие мора да бидат дополнително заштитени.

Алтман најави развој на долгорочен систем за разликување помеѓу корисници постари и помлади од 18 години, при што во сите нејасни случаи ќе се применуваат построги правила.

— реклама —

Со новите мерки, ChatGPT повеќе нема да учествува во „флерт разговори“ со тинејџери, а се воведуваат и дополнителни заштитни механизми при разговори за сценарија поврзани со самоубиство. Доколку малолетник користи ChatGPT за да замислува такви ситуации, системот ќе се обиде да стапи во контакт со неговите родители, а во особено сериозни случаи и со локалната полиција, пренесе TechCrunch.

Родителите кои ќе го поврзат својот профил со профилот на своето дете ќе имаат можност да поставуваат „време на блокада“ кога ChatGPT нема да биде достапен, како и да добиваат известувања ако системот процени дека тинејџерот е во опасност.

— реклама —

Новите мерки доаѓаат по серија тужби поврзани со случај на самоубиство на малолетник, кој повеќе месеци комуницирал со овој четбот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Хороскопски знаци што најтешко се снаоѓаат со технологијата

Магазин | пред 2 месеци

— реклама —
Apple-logo

Apple развива домашни роботи со вештачка интелигенција – еден од нив ќе има и роботска рака

Магазин | пред 7 месеци

E028110A-699C-4A82-90C2-EEC749AF3B14

Apple Pay наскоро достапен и во Македонија?

Магазин | пред 9 месеци

pass

Windows 11 нуди нов начин за најавување на веб-страници

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања