Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Црна Гора затвори уште едно поглавје во преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryv43g8cpkqh5s2hcy92p

На Меѓувладината конференција во Брисел, Црна Гора денес затвори уште едно поглавје во преговорите за членство во Европската Унија, со што Поглавјето 32 – Финансиски надзор е официјално завршено. Со овој чекор, на Подгорица ѝ остануваат уште 20 од вкупно 33 преговарачки поглавја за да го заокружи процесот на пристапување кон Унијата.

Поглавјето 32 опфаќа контрола на користењето на финансиските средства, заштита на еврото од фалсификување, заштита на финансиските интереси на Европската Унија и зајакнување на надворешната ревизија. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, оцени дека затворањето на ова поглавје претставува значаен напредок, но нагласи дека Брисел очекува понатамошни реформи, особено во делот на независноста на судството и полицијата, борбата против корупцијата и целосното усогласување со визната политика на Унијата.

— реклама —

На заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, Кос истакна дека Црна Гора има амбициозна цел да ги заврши пристапните преговори до крајот на годината, оценувајќи дека таа цел е остварлива доколку реформите бидат добро структурирани и навремено спроведени. Таа потсети дека Црна Гора е најнапредната земја кандидат и повика на задржување на фокусот врз реформската агенда и затворањето на преостанатите поглавја.

Кос најави и дека наскоро се очекува формирање работна група за подготовка на договорот за пристапување на Црна Гора во Европската Унија.

— реклама —

Премиерот Спајиќ изјави дека со затворањето на Поглавјето 32, Црна Гора има затворено 13 од 33 поглавја, што претставува околу 40 проценти од вкупниот процес, резултат што го оцени како импресивен. Тој нагласи дека за само две години процентот на затворени поглавја е зголемен од осум на 40 проценти.

Според Спајиќ, Црна Гора станува сè постабилна и пореформирана, а владата интензивно работи на сите поглавја со уверување дека преговорите ќе бидат завршени до крајот на годината. Тој додаде дека проширувањето на ЕУ повторно добива на динамика, оценувајќи дека брзината со која Црна Гора ги затвора поглавјата е доказ дека процесот на проширување е жив и активен.

Од јуни 2024 година, кога Европската Унија го деблокираше процесот на пристапување, Црна Гора затвори вкупно десет преговарачки поглавја, значително интензивирајќи ги преговорите со Брисел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk3mc3russklic707Jec

Уапсен осомничениот за тројното убиство во Подгорица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk3mc3russklic707Jec

Тројно убиство во Подгорица: полицијата трага по млад маж од Рожаје

Свет | пред 1 ден

media-libraryr9fhtfe9p4q79naGQd4

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

crna-gora-policija

Трагедија во студентски дом во Црна Гора: Студент падна од четврти спрат и почина

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања