Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Да останеш смирен, затоа што тоа е најдобар знак дека си господар на твојот живот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
mir

Да останеш смирен наспроти тоа што твоите планови не се оствариле и тоа што другите се ситат на твојот неуспех.  Да останеш смирен кога ќе почувствуваш дека туѓите зборови не се вистините, затоа што само тие ќе ги чувствуваат последиците на нивните лаги.  Да останеш смирен кога ќе те нападнат со критики, но и кога ти даваат комплименти, затоа што сфаќаш дека тоа се само обични зборови. Најголема животна уметност е да останеш смирен без оглед на тоа што се случува околу тебе. Па дури и кога ќе победиш, затоа што си свесен дека тие победи нема вечно да траат и дека гордоста не го зголемува, туку го скратува твојот мир, објави skopjeinfo.mk.

— реклама —

Да останеш смирен и кога ти велат дека на нив можеш да се потпреш и кога се колнат во нивното пријателство, затоа што си свесен дека зборот најчесто се погазува во овој свет.

— реклама —

Да останеш смирен и покрај повредите и сплетките од другите, затоа што сфаќаш дека не мораш да прифатиш сѐ што доаѓа од некој друг и дека тоа не мора да влијае на твојот внатрешен свет и дека може да пројде покрај тебе како ветер.

— реклама —

Да останеш смирен и покрај раните кои ги добиваш, затоа што од нив ќе станеш посилен. Да научиш да останеш мирен такашто ќе поставиш граници со луѓето и нема да дозволиш да те третираат како будала.

Да останеш смирен, затоа што тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, затоа што каков и да е – твој е.

Да останеш смирен, затоа што тоа е најдобар знак дека си господар на твојот живот!

Текстот е превземен од skopjeinfo.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања